На 37 години открил дека неговата сестра му е биолошка мајка – лудата животна приказна на Џек Николсон

До 37-годишна возраст, Џек Николсон не знаел дека неговата сестра е всушност неговата биолошка мајка, а тајната била откриена само затоа што магазинот Time сакал да направи сторија за него, па новинарите истражувале за минатото на актерот и тие му ги соопштиле вестите.

na-37-godini-otkril-deka-negovata-sestra-mu-e-bioloshka-majka-ludata-zhivotna-prikazna-na-dzhek-nikolson-01.jpg

Џек Николсон е несомнено еден од најдобрите актери во историјата на Холивуд, кој ја освои публиката со одличните изведби во The Shining, One Flew Over the Cuckoo’s Nest и бројни други наслови.

Актерот има освоени три Оскари, а досега е номиниран за над 100 други награди, од кои има освоено повеќе од 70.

И покрај огромната популарност, Џек Николсон отсекогаш умешно ја криел својата приватност, но за најбизарниот детаљ од неговото минато знае целата јавност благодарение на истражувањата на новинар од магазинот Time.

na-37-godini-otkril-deka-negovata-sestra-mu-e-bioloshka-majka-ludata-zhivotna-prikazna-na-dzhek-nikolson-06.jpg

Во 1970-тите, новинар од Time сакал да направи сторија за тогаш 37-годишниот актер, па почнал да „душка“ низ неговото минато. На негово огромно изненадување, новинарот сфатил дека сестрата на Николсон е всушност неговата мајка.

Наводно, новинарот веднаш го контактирал актерот, кој дотогаш не бил воопшто свесен за оваа ситуација. Николсон само го замолил да не објавуваат детали, па почнал самиот да истражува за неговото минато.

„Накратко, тоа е најбизарното нешто што сум го слушнал. Некое момче ми се јавува на телефонот и ми вели дека мајка ми всушност не ми е мајка, туку мојата сестра ми е мајка“, изјави актерот откако целиот свет дозна за чудната ситуација.

na-37-godini-otkril-deka-negovata-sestra-mu-e-bioloshka-majka-ludata-zhivotna-prikazna-na-dzhek-nikolson-02.jpg

Џек Николсон е роден во 1937 година во Њу Џерси. Бил одгледан од Џон и Етел Меј Николсон, неговите баба и дедо за кои мислел дека му се биолошки родители. Тој имал и сестра – 17 години постарата Џун – која всушност била неговата мајка. Актерот имал уште една „сестра“, Лорејн, која всушност била негова тетка.

Наводно, Џун имала 17 години кога го родила Џек и не бил сигурна кој е таткото. Тогаш нејзините родители – Џон и Етел Меј – решиле да го одгледаат Џек како нивно биолошко дете, а не нивен внук, и планирале никогаш да не му ја кажат вистината. Џун и Лорејн се согласиле, па Џек пораснал со мајка му и тетка му за кои мислел дека му се сестри.

Во нивното соседство имало гласини за целата ситуација, но набрзо целото семејство се преселило во Њујорк, далеку од сите шпекулации.

na-37-godini-otkril-deka-negovata-sestra-mu-e-bioloshka-majka-ludata-zhivotna-prikazna-na-dzhek-nikolson-03.jpg

Биолошката мајка на Николсон сакала да стане актерка, па заедно со него се преселила во Лос Анџелес. Тој период актерот имал 16 години и размислувал каде да го продолжи образованието, за на крај да одлучи да се пресели со „сестра му“.

Николсон почнал да бара работа како актер и до 1958 година почнал да добива помали улоги.

Џун не го постигнала неговиот успех и починала во нејзините 40-ти, кога Џек имал 26 години. Актерот ни тогаш не бил свесен дека таа е всушност неговата мајка.

Во 1974-та, кога Џек имал 37 години, го добил повикот од новинарот од Time, а по разговор со другата сестра, односно тетка му Лорејн, сфатил дека откритијата на новинарот се вистинити.

na-37-godini-otkril-deka-negovata-sestra-mu-e-bioloshka-majka-ludata-zhivotna-prikazna-na-dzhek-nikolson-04.jpg

Иако целата ситуација е навистина бизарна, актерот брзо се помирил. Како што вели самиот, тогаш веќе бил возрасен и психички стабилен, па големото откритие не му предизвикало никакви проблеми.

„Всушност, со тоа ми се разјаснија некои работи. Ако ништо друго, се чувствував благодарен“, изјави актерот кој вели дека се восхитува на фактот што неговото семејство успеало да ја чува тајната толку долго.

Извесен период кога зборуваше за Џун, актерот ја нарекуваше неговата „сестра-мајка“, но со текот на времето престана да ја спомнува во јавност.

na-37-godini-otkril-deka-negovata-sestra-mu-e-bioloshka-majka-ludata-zhivotna-prikazna-na-dzhek-nikolson-05.jpg

Уште не е познато кој е биолошкиот татко на актерот, а самиот има изјавено дека не го ни интересира. Еден маж има истапено со изјава дека тој му е татко на Николсон и постојат гласини дека навистина бил во врска со Џун во период кога останала бремена.

Наводно, тој сакал да се венча со Џун, но веќе бил во брак со друга жена и се обидувал да се разведе од неа. На мајката на Џун не ѝ се допаѓала целата драма, па само му рекла да си замине од нивните животи.

Всушност, и Џун имала изјавено дека тој е таткото на актерот, но ова не е потврдено.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg