Џенифер Анистон без грам шминка - како изгледа актерката во реалноста на 53 години? (фото)
- Детали
- среда, 04 јануари 2023
Како изгледа познатата актерка кога позира за насловна страна, а како кога е „уловена“ од папараци без грам шминка? Кој е мажот со кого таа се бакнува?
Џенифер Анистон (53) празниците ги помина во Мексико заедно со нејзините пријатели Џими Кимел и Џејсон Бејтман и нивните семејства, а папараците ги „уловија“ во моментот кога слетаа во Лос Анџелес.
Актерката се појави без грам шминка на лицето, а беше фотографирана како се бакнува и се поздравува со пријателите.
Очекувано, најголемо внимание привлече фотографијата на која се гледа дека го бакнува Џејсон Бејтман, кој беше заедно со неговата сопруга Аманда Анка.
Џенифер во оваа прилика носеше избледени фармерки, влечки и црна наметка, а целиот изглед го надополни со златен накит.
Инаку, Џенифер Анистон важи за една од најубавите жени во Холивуд, за која се вели дека многу малку се променила низ годините.
Таа сама призна дека имала операција на носот заради здравствени причини, а отворено рече дека нема потреба од ботокс затоа што смета дека наследила добри гени.
Во реалноста таа е сосема релаксирана, без оптоварување за совршена фризура и шминка:
Б. С. Б. | Црнобело