Се развела од Хулио заради неверствата, важи за најубава жена во Шпанија – Факти за мајката на Енрике Иглесијас
- Детали
- петок, 23 декември 2022
Си заминала од Филипините, откако родителите ја испратиле во Шпанија за да ја спасат од врската со плејбој, а таа во Мадрид се омажила за Хулио Иглесијас. Била во брак уште двапати – факти за мајката на Енрике Иглесијас, Изабел Прејслер.
Енрике Иглесијас (47) во минатото зборувал за тоа дека нему му било можеби полесно да изгради кариера затоа што потекнува од семејство на богати родители, но и призна дека неговиот татко се противел на тоа тој да се занимава со музика.
Додека речиси сите знаат кој е таткото на Енрике, Хулио Иглесијас, малкумина знаат дека тој има позната и успешна мајка која важи за една од најелегантните жени во Шпанија.
Во продолжение неколку интерсни факти за мајката на Енрике:
Изабел Прејслер (71) е позната новинарка и телевизиска водителка, за која едни велат дека е една од најубавите жени во Шпанија, а други сметаат дека претерала со естетските операции.
Ја нарекуваат La Reina de Corazones (кралица на срцата) и La Perla de Manila (Бисерот на Манила), а потекнува од богато семејство на Филипините. Нејзиниот татко, Карлос Прејслер бил извршен директор во Philippine Airlines и во Банката на Филипинските острови, а мајка ѝ потекнувала од семејство на богати шпански земјопоседници и бизнисмени.
Како тинејџерка работела како модел и се пријавувала на избори за убавина, а според приказните, таа како девојче се вљубила во познат плејбој, заради што нејзините родители одлучиле да ја испратат во Мадрид за да ја оддалечат од него.
Таа завршила универзитет во Велика Британија, по што се вратила во Мадрид, каде почнала да се движи во високите кругови и го запознала Хулио Иглесијас. Наводно Хулио повеќепати ѝ се додворувал, но таа го одбивала, а кога веќе одлучила да започне врска со него, тој повеќепати ја барал за жена.
Во една прилика Изабел откри што било клучно за да донесе одлука да стапи во брак со шпанскиот заводник:
„Би можела да кажам дека се венчавме затоа што бевме вљубени еден во друг и тоа би било вистина, но реалноста е дека бев бремена.“