Заради татко му бил мета на терористи, се откажа од неговото наследство – во какви односи е Енрике Иглесијас со Хулио?
- Детали
- вторник, 18 октомври 2022
На само 8 години откако дедо му бил киднапиран, Енрике заминал во Мајами да живее со татко му, каде го одгледале дадилки. На 18 години кога татко му не му дозволил да се занимава со музика Енрике си заминал – во каков однос е денес музичарот со татко му Хулио, од чие наследство кое вреди милиони, се откажа?
Енрике Иглесијас (47) е еден од најпопуларните пејачи, а речиси сите знаат дека тој е син на Хулио Иглесијас (79) – пејачот што во минатото важеше за голем заводник, женкар и секако мошне успешен музичар. Но, ако сметате дека Хилио одиграл огромна улога во тоа Енрике да стане славен тогаш се лажете.
Енрике на само 18 години одлучил да си замине од дома и сам да се обиде да ја изгради сопствената кариера, се одрекол од наследството, а самиот призна дека 10 години воопшто не сакал да разговара со татко му.
Енрике е едно од осумте деца на славниот Хулио Иглесијас, а со тоа нему му припаѓала една осмина од вкупното богатство на неговиот татко, за кој се проценува дека имал богатство од 800 милиони долари, па на Енрике требало да му припаднат 100 милиони.
Во продолжение повеќе интересни факти за Хулио и Енрике:
Хулио го добил Енрике во врската со филипинскиот модел Изабел Прејслер, а заедно тие имаат три деца. Изабел дошла во Шпанија кога имала само 20 години, а по започнувањето на врската со Хулио таа на почетокот на бракот го следела на сите турнеи и патувања.
Нештата значително се промениле во 1971-ва година, кога се родила сестрата на Енрике, Чабели, па парот почнал да се оддалечува. По раѓањето на синот Хулио Џуниор и на Енрике, Изабел целосно претстанала да го придружува Хулио на турнеите и останала да им се посвети на децата.
Во 1978-ма година Изабел и Хулио се развеле, а децата останале да живеат со мајка им. Но откако во 1982-та година, дедото на Енрике бил киднапиран од страна на терористи, Изабел почнала да стравува за сигурноста на нејзините деца и ги испратила да живеат во Мајами заедно со татко им.
Во тој период Хулио живеел во Мајами, а членовите на неговото семејство што останале да живеат во Шпанија биле мета на терористите кои го киднапирале таткото на Хулио и барале пари за откуп. Хулио платил 2 милиони долари за терористите да го ослободат татко му, а по ова веднаш побарал синовите да се преселат во САД на безбедно.
Во овој период, Енрике и Хулио Џуниор биле безбедни од терористите, но наместо со родители, израснале со нивната дадилка Елвира Оливарез, која дури и му помогнала на младиот Енрике да го сними првиот демо албум.
Енрике бил многу мал кога почнал да пишува текстови за песни, а на само 18 години го издал својот прв албум. Дополнително, неговиот татко не ја поддржувал неговата желба да се занимава со музика.
„Единствената расправија што сум ја имал со татко ми, беше кога имав 18 години затоа што тој сметаше дека е чудно тоа што сакав да бидам дел од музичката индустрија и што никогаш не му кажав за тоа, па одеднаш се појавив со договор за албум и сакав да станам пејач. Си заминав од дома и никогаш не се вратив“ – рече во една прилика Енрике.