Машин Ган Кели сподели бизарно видео со пијавици на стомакот: „Моите најдобри пријатели“
- Детали
- понеделник, 19 декември 2022
Машин Ган Кели не престанува со бизарностите и неодамна сподели видео на кое се гледаат пијавици „закачени“ на неговиот стомак. Уште почудно е што музичарот ги нарече пијавиците „негови најдобри пријатели“.
Пред неколку месеци, Меган Фокс и Машин Ган Кели споделија дека изведуваат ритуали со пиење крв, а сега музичарот сподели уште една бизарност.
На Инстаграм Стори, 32-годишниот музичар сподели видео на кое се гледаат неколку пијавици на неговиот стомак.
Можеби најбизарно во целото видео е што во описот, тој вели дека пијавиците се „негови најдобри пријатели“.
Од видеото е јасно дека пијавиците „се закачени“ за стомакот на Машин Ган Кели, па се разгоре дебата дали можеби тој и Меган ги користат и нив за нивните бизарни ритуали со крв.
Музичарот не даде објаснување што точно се случува, но сосемa возможно е да ги користи пијавиците за некаква терапија.
Овие паразити се користат како „лек“ за разни заболувања уште од првите цивилизации, па можеби станува збор и за некаков алтерантивен метод на лекување.
Машин Ган Кели и Меган Фокс споделија дека си ја пиеле крвта кога ја најавија нивната свршувачка во јануари годинава.
Подоцна актерката дообјасни за што точно станува збор:
„Па, изгледа тоа што си ја ’пиеме‘ крвта ги натера луѓето да нè замислуваат со пехари како во Game of Thrones. Само неколку капки се, но да, си ја консумираме крвта одвреме-навреме само за ритуални цели“.
Тогаш актерката откри и дека верува во астрологија, но и дека прави други ритуали.
„Изведувам ритуали на млада месечина и полна месечина. И, кога го правам тоа, го правам со причина“.
Покрај тоа што си ја пијат крвта, Меган Фокс и Машин Ган Кели открија дека имаат и мали садови со нивната крв кои ги носат како ланче.
Спирова С. | Црнобело