Набраната кожа на нозете на Викторија Бекам „ѕирка“ под здолништето – „дали остарела преку ноќ?“
- Детали
- петок, 16 декември 2022
На сите фотографии изгледа елегантно, но на една од нив може да се види како „ѕирка“ набраната кожа на нозете. Дали Викторија Бекам (48) која редовно мами воздишки со беспрекорниот изглед остарела преку ноќ, се прашуваат многумина.
Викторија Бекам (47) пред неколку дена организираше божиќна забава, на која присуствуваа речиси сите членови на нејзиното семејство, а заедничките фотографии модната дизајнерка и поранешна пејачка ги сподели на Инстаграм.
На вечерниот настан Викторија се појави во ролка, здолниште со шлицови, впечатлива чанта и очила за сонце, а нејзиниот аутфит веднаш привлече внимание кај модните уредници, но една папараци фотографија се истакнува повеќе од другите.
Додека речиси на сите фотки Викторија можеме да ја видиме во беспрекорно издание, со мазна кожа и скриени раце, на една од нив се гледа набраната кожа на ногата која ѕирка под шлицот.
По оваа фотка многумина се прашуваат што се случува - дали Викторија остарела преку ноќ или ова е резултат на преслабо тело и ненегувана кожа.
Инаку, на настанот Викторија беше заедно со децата Ромео, Круз и Харпер, додека Дејвид не успеа да присуствува затоа што во моментов се наоѓа во Доха, каде што се одржува Светското првенство во фудбал.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело