„Не сум го зголемил половиот орган“ - раперот 50 Cent тужи докторка што објави нивна заедничка фотка како реклама

„Со фотографијата што ја објавија ми го нарушија угледот и станав предмет за потсмев“ – тврди раперот 50 Cent во тужбата против докторката, која одлучила нивната заедничка фотографија да ја искористи за да ја рекламира операцијата за зголемување на половиот орган што се нуди во нејзината клиника.

raperot-50-cent-so-tuzhba-mislev-deka-e-fan-po-slikata-so-nea-pochnaa-da-kruzhat-glasini-deka-sum-go-zgolemil-poloviot-organ-01.jpg

Раперот Куртис Џексон, попознат како 50 Cent, поднесе тужба против хирургот Ангела Коган и нејзината клиника Perfection Plastic Surgery and MedSpa, затоа што таа објавила нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи со цел да промовира дека тој направил операција за зголемување на половиот орган.

Во судските документи објавени од страна на TMZ се гледа дека раперот тврди дека се фотографирал со Ангела во 2020-тата година затоа што сметал дека таа му е обожавател, додека бил во клиниката.

raperot-50-cent-so-tuzhba-mislev-deka-e-fan-po-slikata-so-nea-pochnaa-da-kruzhat-glasini-deka-sum-go-zgolemil-poloviot-organ-02.jpg

Засега не е познато какви услуги користел раперот, но тој вели дека не очекувал дека докторката ќе ја користи фотографијата како реклама на социјалните мрежи.

raperot-50-cent-so-tuzhba-mislev-deka-e-fan-po-slikata-so-nea-pochnaa-da-kruzhat-glasini-deka-sum-go-zgolemil-poloviot-organ-05.jpg

По ова, скандалот добил нови пропорции кога каналот The Shade Room направил сторија за познати личности што го зголемиле половиот орган, па фотографијата на раперот со докторката се нашла во сторијата.

raperot-50-cent-so-tuzhba-mislev-deka-e-fan-po-slikata-so-nea-pochnaa-da-kruzhat-glasini-deka-sum-go-zgolemil-poloviot-organ-04.jpg

Раперот вели дека Ангела и нејзината клиника се свесни дека тој никогаш не направил операција за зголемување на половиот орган, па бара тие веднаш да престанат да ја шират фотографијата, а освен тоа ќе бара и отштета, но сѐ уште не се знае колкава сума ќе треба да му исплатат доколку се докаже дека раперот е во право.

raperot-50-cent-so-tuzhba-mislev-deka-e-fan-po-slikata-so-nea-pochnaa-da-kruzhat-glasini-deka-sum-go-zgolemil-poloviot-organ-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти за разводот со сопругот: „Пред да одам на операција на мозокот, дознав дека тој 2 годин... „Не можев да одам на операција со него покрај мене. Се чувствував изневерено“ – ...
Познати жени кои се борат со опаѓање на косата Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.  Н...
Пи Диди е уапсен по обвиненијата за трговија со луѓе (иако ѝ плати 100 милиони долари на бившата за ... Неговата поранешна девојка тврдеше дека 10 години ја терал да има секс со други ...
Вооружени агенти ги претресуваат куќите на Пи Диди, по обвиненијата за силување – Двајца се уапсени,... Група вооружени агенти направија претрес на двете куќи на Пи Диди, поради сомнен...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg