За сопругата на Лионел Меси велат дека е најприродната сопруга на познат фудбалер – дали сепак „подлегна“ на корекции?
- Детали
- сабота, 17 декември 2022
Ги напуштила студиите по стоматологија за да биде со љубовта на нејзиниот живот, а важат за познат пар, кој иако има милиони живее мошне скромен живот. За сопругата на Лионел Меси, пак, често се вели дека е најприродната сопруга на фудбалер – што мислите, направила ли корекции?
Љубовната приказна на Лионел Меси (35) и Антонела Рокузо (34) e меѓу најпознатите приказни во светот на фудбалот.
Во родната Аргентина, тие двајца се идоли, а нивната романса која трае уште од тинејџерските денови е причина за многумина да веруваат во вистинската љубов.
Антонела Рокузо е братучетка на другарот на Лионел Меси, Лукас Скаглија и тие двајца се запознале уште во детството.
Денес се родители на три деца, а Антонела освен што е сопруга на познатиот фудбалер, гради кариера како модел и инфлуенсер.
Таа во 2009-тата година се откажа од студиите по стоматологија за да остане со Меси и се пресели со него во Барселона, а потоа го следеше и во Париз.
Антонела важи за една од најприродните сопруги на фудбалери и најчесто добива пофалби за нејзината скромност и посветеност на сопругот и семејството.
Но, некои фанови во минатото забележаа дека таа сепак не е сосема имуна на третманите што ѝ овозможуваат да изгледа младолико.