Ештон Кучер сакал да се самоубие за да може да го донира срцето за брат му: „Итно му требаше трансплантација“
- Детали
- среда, 07 декември 2022
Во емотивно интервју, Ештон Кучер и неговиот брат Мајкл зборуваат за нивниот однос – од дијагнозата за церебрална парализа на Мајкл, до желбата на актерот да се самоубие само за брат му да добие донор за срце, но и тензијата помеѓу нив поради популарнста на Ештон.
Ештон Кучер ретко кога зборува за приватниот живот, но неодамна даде заедничко интервју со неговиот брат близнак каде што откри емотивни детали од нивната врска.
Братот на актерот - Мајкл - има церебрална парализа и додека славата на Ештон се зголемувала, неговите симптоми се влошувале. Ова, пак, предизвикувало и тензија во нивниот однос.
Ештон и Мајкл гостуваа во емисијата The Check Up with Dr. David Agus и зборуваа за нивните потполно различни животи, откако актерот почнал да се прославува.
Мајкл ја добил дијагнозата во детството, а актерот вели дека одел до екстреми само за да го заштити.
Во емисијата, Мајкл открива дека почнал да ги покажува првите симптоми кога имал три години. Мајка му забележала дека се движи побавно, но и дека има проблеми со моторните функции.
Тој период почнал да има и проблеми со говорот, како развлекување на зборовите.
Штом Мајкл ја добил дијагнозата, мајка им не го сменила односот кон нив. Односно, била убедена дека сè што може да направи Ештон, ќе може и Мајкл, без разлика на болеста.
На Мајкл почнале да му се влошуваат и видот и слухот, а проблемите со говорот станувале сè поизразени. Поради ова, неретко бил малтретиран на училиште, но Ештон постојано го бранел.
Актерот не дозволувал Мајкл да се чувствува поразлично и вели дека постојано си играле заедно, си ја менувале облеката и обожавале да се борат.
Но, во раните тинејџерски години, лекарите им кажале дека на Мајкл итно му е потребна трансплантација на срце.
Овој период Мајкл бил во болница, а срцето престанало да му чука додека Ештон бил во посета.
„Влегов во собата и помислив 'Нeшто не е во ред'. Срцето престана да му чука, а добро го знаев звукот од машината бидејќи често го посетував“, вели актерот низ солзи.
Лекарите веднаш го изнеле од собата, а Ештон бил толку исплашен за неговиот брат, што почнал да размислува за самоубиство само за тој да добие донор.
„Си помислив, ако некој може да биде донор, тоа сум јас. Почнаа да ми минуваат тие мисли низ главата Помислив 'Овој балкон изгледа доволно високо'. Стоев на балконот мислејќи си дека јас сум погоден донор.
Си помислив и како можно јас да бидам толку среќен? А, мојот брат да биде роден со церебрална парализа, а потоа да му треба трансплантација на срце“.