Од животот на ѕвездите: Ештон Кучер сакал да се самоубие за да го донира срцето на братот близнак
- Детали
- недела, 16 август 2020
Братот близнак на Ештон Кучер, Мајкл Кучер, денес е жив благодарение на успешната трансплантација на срцето која ја имал во детството откако му била дијагностицирана кардиомиопатија.
Тоа е состојба во која неговото срце пораснало четирипати повеќе од нормално.
Малкумина знаат дека тогаш Ештон сакал да му го даде сопственото срце – иако имал само 13 години. Тој сакал Мајкл да преживее па и по цена на неговиот живот.
Од болница им кажале дека имаат само 48 часа за трансплантација. Ештон бил решен да си го одземе животот за брат му да го добие неговото срце:
„Стоев на балконот и размислував да скокнам кога дојде татко ми и ми рече - За што размислуваш?. Момент подоцна докторите нè известија дека жена загинала во сообраќајна несреќа во Флорида и дека нејзиното срце е на пат“.
„Тешко е да најдам соодветни зборови. Нашата поврзаност не може да се објасни. Замислете колкава е благодарноста и љубовта кон некој кој сакал да се жртвува за вас. Не постојат зборови кои можат да го опишат ова“ – раскажува Мајкл.
Ештон честопати раскажува колку бил целиот период тежок за него. По завршување на средното училиште, тој се запишал на факултет за биохемиски инженеринг за да измисли лек кој би му помогнал на неговиот брат и луѓето кои се борат со истиот проблем.
Сепак, судбината го однела на друг пат и денес е една од најголемите ѕвезди во Холивуд.
Мајкл е оженет и има еден син, а повремено има зафати на срцето. Тој е и успешен мотивационен говорник.
Е. П. | Црнобело