Шлаканица, плукање во скут – Светски шоубизнис скандали кои ја одбележаа 2022-ра година
- Детали
- недела, 25 декември 2022
Судењето на Џони Деп и Амбер Херд, голиот стомак на Ријана, наводната афера на Пике со девојка од Скопје – за кои настани и скандали од светот на шоубизнисот најмногу се говореше во 2022-ра година?
Изминатата 2022-ра година беше година во која полека се привикнувавме на животот надвор од карантин, имаше голем број настани со црвен тепих, филмски фестивали и гламурозни доделувања на награди.
Сепак, она што ја одбележа годинава се големиот број скандали.
Во продолжение дел од нив:
1. Судење на Амбер Херд и Џони Деп
Во текот на летото, јавноста имаше можност да го проследи јавното судење за клевета на Џони Деп и Амбер Херд во кое беа изнесени голем број детали од нивниот брачен живот.
Ги видовме видеата како Амбер Херд полугола ги пречекувала своите љубовници Илон Маск и Џејмс Франко во лифтот од семејниот дом, дознавме сѐ за нивните зависности и токсичниот брак.
Очекувано, судскиот спор заврши со победа на Џони Деп, кој треба да добие отштета во износ од над 10 милиони долари.
Интересно, но славната актерка нема доволно пари да му плати на Џони, така што многу е веројатно тие двајца и во иднина повторно да се најдат пред суд.
2. Кавгата на Викторија Бекам со снаата
Меѓу свадбите за кои најмногу се зборуваше годинава беше онаа на синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин со богатата американска наследничка и актерка Никола Пелц.
Свадбата помина гламурозно, вниманието на сите светски медиуми беа свртени кон луксузните детали, за потоа да дознаеме дека зад затворени врати односот меѓу снаата и свекрвата се влошил, па така со месеци во сите светски таблоиди топ тема беше кавгата меѓу Викторија Бекам и Никола Пелц – кои се скарале заради венчаницата.
3. Разделбата на Пике и Шакира
Шпанските медиуми долго време шпекулираа дека врската на Жерар Пике и Шакира е во криза и дека фудбалерот сѐ повеќе време поминува надвор од семејниот дом, за на крај и двајцата да излезат со соопштение дека се разделуваат.
4. Наводната афера на Пике со девојка од Скопје
По разделбата на Жерар Пике и Шакира, медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека шпанскиот фудбалер бил фатен на дело како ја изневерува својата партнерка.
Долго време се шпекулираше за идентитетот на неговата нова девојка, а меѓу имињата на девојките се најде и името на Драгана Спасовска, манекенка која пораснала во Скопје, а денес живее и работи во Дубаи.
Нивната заедничка фотографија веднаш беше објавена во голем број медиуми, за на крај да се покаже дека фудбалерот започнал врска со неговата асистентка Чиа Марти и веќе не ја крие врската со неа.
5. Криењето на бременоста на Ријана
Долго време Ријана ја криеше бременоста за потоа на оригинален начин, со „нарачани“ папарацо фотографии да му покаже на целиот свет дека ќе стане мајка.
Нејзините разголени модни изданија во време на бременоста беа топ тема во сите светски медиуми, а честопати убавицата од Барбадос предизвикуваше дебати на социјалните мрежи дали нејзиниот стил на облекување во бременоста е модерен или вулгарен.