Пике и Шакира наводно раскинале заради девојка од Скопје, со која тајно се гледал во Дубаи – Која е Драгана Спасовска?
- Детали
- петок, 17 јуни 2022
Драгана и Пике наводно се среќавале во Дубаи, додека фудбалерот одел на одмор таму. На листата на можни љубовници што ја растурија врската помеѓу славниот пар се најде и македонско-бугарската старлета Драгана Спасовска. Што знаеме за неа?
По веста дека Шакира и Жерар Пике по 11 години заеднички живот одлучија да ја прекинат врската, масовно се шпекулира која е девојката со која тој ја изневерил славната пејачка.
Шпанските медиуми прво тврдеа дека се работи за русокоса девојка која работи како хостеса во познат ноќен клуб во Барселона.
Во бугарските медиуми, пак, деновиве масовно се споделува фотографијата на која тој е заедно со македонско-бугарската старлета Драгана Спасовска, која потекнува од Скопје, а неколку години наназад живее во Дубаи.
Наводно Пике и Драгана редовно се гледале додека тој одел сам без сопругата во Дубаи и така почнала нивната романтична врска.
Инаку ова не е прва заедничка фотка на Драгана со славни фудбалери, таа во минатото објави фотографија на која е со славниот фудбалер Роналдињо, но и со Пол Погба.
Драгана Спасовска е некогашен македонски модел која во 2009-та година заминала да студира во Пловдив, Бугарија.
Популарноста во Бугарија ја стекна откако почна да се појавува на тамошни избори за убавина, но и во видеоспотови на тамошни пејачи.
Татко ѝ е Македонец, а мајка ѝ е Бугарка, но таа во медиумите изјавила дека себеси се идентификува како Бугарка.
Во моментов Драгана редовно ги полни таблоидите во Бугарија кои објавуваат нејзини фотографии. Таа самата рече дека професионално повеќе се свртела кон Бугарија затоа што чувствува дека таму средината многу полесно ја прифатила.
Прочитајте и Му ја смени бравата од семејниот дом, тој не добива од нејзиното богатство – Нови детали за разделбата на Шакира и Пике (фото)
Погледнете повеќе нејзини фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело