Викторија Бекам ѝ се приближува на снаата, а таа ладно ѝ врти грб: Хит видео по „помирувањето“ на Бекамови
- Детали
- понеделник, 03 октомври 2022
„Жал ми е за Викторија, се гледа дека сака да направи сѐ за синот да биде среќен“ – велат дел од луѓето што имаа можност да го погледнат видеото во кое се забележува како Викторија Бекам ѝ се приближува на Никола Пелц и се обидува да разговара со неа, а снаата ѝ врти грб.
Минатиот викенд Викторија Бекам (48) сподели фотографии со кои покажа дека нејзиниот син Бруклин (23) и снаата Никола Пелц Бекам 27) присуствувале на нејзината модна ревија во Париз, со што сите очекуваат дека конечно ќе се стави крај на повеќемесечните медиумски „препукувања“ и дека конечно односите во семејството ќе се подобрат.
Никола и Бруклин беа во Париз за време на модната недела, а се појавија на повеќе модни ревии, меѓу кои и на онаа на Викторија Бекам.
Викторија сподели фотографија на Инстаграм на која може да се видат Бруклин и Никола, заедно со Дејвид, Ромео и Харпер, како и уредникот на британскиот Vogue Едвард Енинфул и уредничката на американскиот Vogue, Ана Винтур.
„Тоа е Париз бејби! Многу сум благодарна за моето семејство како и на британскиот и американскиот Vogue што ме поддржуваат во ова патување“ – напиша таа до сликата.
Сепак, иако многумина веруваат дека оваа фотографија ќе значи крај на медиумските препукувања, очигледно е дека односите меѓу Викторија и Никола сѐ уште не се подобрени.
Прочитајте и „Никој не знаеше која е додека не се омажи за Бруклин“ - Викторија Бекам гневна што снаата сака да гради слава на нивна сметка
На социјалните мрежи масовно се споделува видео во кое може да се види како Викторија се смее и разговара со синот, па се обидува и да разговара и со снаата, додека Никола Пелц ѝ врти грб и навидум разговара со 11-годишната сестра на Бруклин, Харпер.
Видеото на ТикТок има над 2,5 милиони прегледи, а оние што го погледнаа, се сложни дека снаата и свекрвата се далеку од помирени.
„Не веруваме дека по ова ќе сопрат гласините“, „Сочувствувам со болката на Викторија во овие мигови. Таа го сака синот и само се обидува да го поправи односот“, „Како мајка срцето ми се крши додека го гледам ова“, „Изгледа како да се обидува да разговара со неа, а таа ја избегнува“.
Додека најголемиот дел од луѓето гледаа во односот помеѓу Викторија и Никола, оние што ги забележуваат сите детали, пак, се сконцентрираа на аутфитот што Бруклин го носеше на ревијата и на неговите фармерки што за малку ќе му паднеа.
Погледнете го видеото:
@gala.fr #victoriabeckham #harperbeckham #nicolapeltzbeckham #brooklynbeckham #VBSS23 #parisfashionweek #tiktokfashion ♬ CLOSE MY EYES - Ki
Б. С. Б. | Црнобело