Миа Калифа за работата како порно-актерка: „Се срамам од минатото, морав да го променам личниот опис и се криев 2 години“ (видео)
- Детали
- среда, 30 ноември 2022
„Секој пат кога снимав ново видео тоа го правев со грижа на совест и срам“ – поранешната порно актерка Миа Калифа во поткастот на Емили Ратајковски отворено говореше за тоа како кариерата во порно индустријата влијаела врз нејзиното ментално здравје и како „славата“ негативно се одразила врз нејзиниот живот.
Поранешната порно актерка Миа Калифа гостуваше во новиот поткаст на Емили Ратајковски High Low каде говореше за последиците од работењето во порно индустријата.
Манекенката и модна дизајнерка ја најави Миа како жена на која многу ѝ се восхитува, а поранешната порно актерка овојпат јавно говореше за тоа како погрешните одлуки донесени на 21 година, негативно се одразиле врз нејзиниот живот.
„Кога имав 21 година мислев дека еден ден ќе се омажам, ќе имам деца, ќе возам џип и тоа ќе биде мојот живот. Сметав дека мојот живот ќе изгледа така.
Се чувствував несигурна. Барав некој да ме прифати, но тоа го правев на најлошите места и дека длабоко во себе знаев дека тоа што го правам не ме прави среќна и дека не ги носев тие одлуки за себеси“ – вели Миа.
На прашањето како се чувствувала додека ги снимала порнографските видеа и како тоа се одразило врз нејзиното ментално здравје, Миа рече:
„Секој пат кога ќе прифатев да снимам ново видео, знаев дека таа одлука не е искрена и дека не е во согласност со моите уверувања и заради тоа чувствував грижа на совест и срам дури и во мигот кога ги снимав, сѐ до оној миг додека не се разбудив едно утро и не помислив: ‘што правам од себеси?’ .
Се чувствував дека сѐ се случи на брзина и немав време да испроцесирам, во периодот кога ја напуштив индустријата чувствував како да се задушувам и не ми остана ништо освен хаос и уништени репутација, име и имиџ“ – вели таа.
Миа признава дека иако долго време веќе не снима порно видеа, таа сѐ уште ги чувствува последиците од тоа.
Како што вели, се обидела да најде работа во канцеларија, но тоа не поминало добро, а длабоко во себеси сѐ уште чувствува срам од сопствените одлуки.
„Околу 2 години се криев од јавноста, ја скратив косата, ја исфарбав и живеев во Мајами. Го зачував мојот профил на Инстаграм само затоа тоа ми беше единствениот извор на приход.
Во периодот кога ми беше исклучен профилот, одлучив да се преселам во Остин, Тексас и да почнам нова кариера на интернет.
Откако се преселив во Остин, одлучив да почнам да одам на терапија и сфативме дека сите мои проблеми со менталното здравје доаѓаат од чувството на срам“ – вели таа.
Миа и Емили разговараа на повеќе теми, меѓу кои и што мисли Миа за врските помеѓу многу повозрасните мажи и младите девојки.
Видеото со одговорот на Миа, масовно се споделува на социјалните мрежи, а во него таа рече:
„Секој маж што има врска со значително помлада девојка има многу недостатоци, а најмногу во поглед на самодовербата.
Очигледно чувствуваат дека имаат многу недостатоци и тоа е единственото место каде што чувствуваат дека може да направат нешто за да се чувствуваат помоќно.
На крајот на краиштата, се однесуваат како ѕверови. Затоа што манипулираат со некого што не е свесен што им се случува и не е фер“ – вели таа.
Погледнете го видеото во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело