Мерилин Менсон по тврдењата за силување: „Анксиозен сум, добивам смртни закани и стравувам за безбедноста на сопругата“
- Детали
- четврток, 17 ноември 2022
„Кариерата ми е уништена... Добивам закани по сопствениот живот, стравувам за безбедноста на мојата сопруга“ – светските медиуми пренесуваат дел од тврдењата што Мерилин Менсон ги изнел во легалните документи до судот.
Вкупно 15 жени го обвинија за сексуално малтретирање во текот на изминатата година, а музичарот Мерилин Менсон (53) признава дека заради овие тврдења, неговата кариера во целост е уништена.
Со сопругата Линдзи Усич
Откако беше обвинет за сексуално малтретирање и педофилија, Мерилин Менсон не може да објавува нова музика и не може да оди на музички турнеи, затоа што му е раскинат договорот со издавачката куќа и со менаџерскиот тим.
Дополнително откажано му е учеството и во реални шоуа, како и филмските улоги.
Тој тврди дека е одложено објавувањето и на неговата книга, а цената на неговите уметнички слики е значително намалена.
Со сопругата Линдзи Усич
TMZ повикувајќи се на исказите и тврдењата на Мерилин во легалните документи упатени до судот, објави дека 53-годишниот музичар добива голем број закани по живот на интернет и дека заради тоа се чувствува анксиозно, вознемирено, депримирано, не може да спие, а загрижен е за себеси и за безбедноста на неговата сопруга Линдзи Усич (37).
„Мерилин вели дека заради обвинувањата тој денес е непожелна личност во Холивуд и не добива покани на голем број собири и бизнис состаноци“ – пишува во статијата.
Според магазинот, засега нема новитети поврзани со обвиниенијата што беа упатени кон него, но Мерилин тврди дека тие оставиле огромна штета врз неговата кариера.
Со поранешната свршеница Рејчел Еван Вуд
За потсетување, во февруари 2021-ва година, поранешната свршеница на Мерилин Менсон, Еван Рејчел Вуд излезе со тврдења дека музичарот емотивно, физички и сексуално ја злоупотребувал за време на нивната 7-месечна врска, кога таа имаше само 18 години.
Со поранешната свршеница Рејчел Еван Вуд
Нејзината приказна беше детално обработена во документарниот филм Phoenix Rising, по што уште 14 други жени го обвинија за сексуално малтретирање и педофилија.
По ова, познатиот музичар поднесе тужба за клевета против Рејчел Еванс, но засега властите не соопштуваат нови детали за тоа дали неговиот случај ќе има некаква правна разрешница.
Со поранешната свршеница Рејчел Еван Вуд
Менсон за последен пат беше забележан во јавност во август годинава, кога во речиси непрепознатливо издание беше излезен на вечера со неговата втора сопруга Линдзи Усич.
Б. С. Б. | Црнобело