По обвинувањата за силување 2 години се криеше: Мерилин Менсон непрепознатлив на најновите фотки со сопругата (фото)
- Детали
- вторник, 16 август 2022
„Се договоривме да симулираме секс за време на снимањето, но тој почна да пенетрира во мене“ – со овие зборови неговата поранешна девојка го обвини Мерилин Менсон дека ја силувал за време на снимање на спот. Пејачот за првпат по 2 години од овие обвинувања, се појави во јавност со сопругата, во непрепознатливо издание.
Три жени го обвинуваат за силување, а Мерилин Менсон (53) за првпат е забележан во јавност во последните две години и тоа во придружба на сопругата Линдзи Усич (37). На најновите фотки рокерот изгледа непрепознатливо.
Во последните две години пејачот избегнуваше да се појавува во јавност, се откажа од алкохол и се ожени за неговата долгогодишна девојка Линдзи Усич.
Со подуено лице, без шминка и во карактиристичната црна облека за него, Мерилин Мансон за првпат се појави во јавност откако повеќе жени поднесоа обвинение против него за сексуално злоставување.
Од вкупно 6 поднесени тужби, рокерот сѐ уште се соочува со тужбите на актерката Есме Бјанко, манекенката Ешли Морган Смитин и непозната жена, кои поднесоа тужби за сексуално малтретирање.
Мерилин, пак, по примерот на неговиот најдобар пријател Џони Деп одлучи да ја тужи неговата поранешна девојка Еван Рејчел Вуд за клевета.
Прочитајте и „По забавите со Мерилин Менсон 3 дена бев заложник, ме силуваше со шише“ - Амбер Херд со нови тврдења против Џони Деп
Имено, неговата поранешна девојка Еван Рејчел Вуд, прво излезе со обвинување дека Мерилин бил насилен кон неа за време на нивната врска, а минатата година го обвини и дека ја силувал за време на снимањето на спотот за песната „Heartshaped glasses“.
За врската на Мeрлин и Еван беше направен документарен филм, насловен Phoenix Rising, каде таа отворено говори низ што сѐ поминала додека била во врска со него.
„Се договоривме да симулираме секс за време на снимањето, но кога се вклучија камерите тој почна навистина да пенетрира во мене. Никогаш не дадов одобрување за тоа.
Бев принудена на јавен секс со лажни ветувања. Тоа беше првото злосторство против мене, а јас во суштина бев силувана пред камера“ – рече таа во документарниот филм.
Прочитајте и Сексуално злоставување, сатанизам: 18 мрачни факти за животот на Мерилин Менсон (вознемирувачко фото)
Мерилин и Еван беа заедно од средината на 2006-та година кога таа имала само 18 години, а тој 37. Во 4-5 години врска Еван тврди дека трпела најразлични злоставувања.
Тврди дека пејачот ја манипулирал, сексуално ја злоставувал, ѝ подметнувал дрога во лековите, па дури и ја оддалечил од семејството и пријателите.
Заедно со неговата поранешна девојка и неговата поранешна асистентка Ешли Вотерс го обвини за сексуално малтретирање, но ова обвинување веднаш беше отфрлено од страна на судот во Лос Анџелес.
Во март годинава Мерилин поднесе тужба за клевета против поранешната девојка, а речиси 2 години воопшто не се појавуваше во јавност.
Тој за првпат беше фотографиран деновиве како излегува на состанок со сопругата Линдзи Усич.
Б. С. Б. | Црнобело