Викторија Бекам танцува и пее со девојките од Spice Girls – повторно обединети како во младоста (видео)
- Детали
- вторник, 08 ноември 2022
Ова видео кое го објави Дејвид Бекам, многумина ги потсети на детството и на годините кога Spice Girls беа еден од најпознатите бендови во светот. Како изгледаше обединувањето на девојките, по повод 50-иот роденден на Гери Халивел, каде сите се распеаја на нивниот стар хит?
Во саботата (05.11) поранешните членки на Spice Girls се собраа на едно место за да го прослават 50-иот роденден на Гери Халивел.
На забавата присуствуваа Викторија Бекам (48), Ема Бантон (46), Мел Си (47) и секако славеничката Гери, а Мел Би не била во можност да присуствува.
Дејвид Бекам на Инстаграм сподели кратко видео на кое може да се види мал дел од забавата, каде девојките од Spice Girls танцуваат на подиум и се забавуваат на нивниот огромен хит од 1996-та година Say You’ll Be There.
„Специјална прослава за роденденот на Црвенокосата викендов и ова е уште попосебен момент што успеав да го снимам. Пријателство за цел живот“ – напиша тој под видеото на кое ја означи Мел Б и ѝ порача дека им недостасувала.
Oва е речиси првпат да имаме можност да ја видиме Викторија Бекам во поопуштено издание, a нивното обединување предизвика голем број позитивни реакции на социјалните мрежи, па така нивните фанови се надеваат дека наскоро ќе има и нова турнеја во која девојките повторно ќе настапуваат.
Мел Би не можела да присуствува заради оправдани причини, таа ја помина вечерта со нејзиното семејство и ја прослави неодамнешната свршувачка со фризерот Рори Мекфи.
Погледнете го видеото од девојките додека танцуваа на подиум:
Б. С. Б. | Црнобело