Тајно се ожени на 45 години, обожава мотоцикли и готви: Се сеќавате на Џес Маријано од Gilmore Girls?
- Детали
- недела, 24 март 2024
Актерот Мајло Вентимиља, иако е интригантен за јавноста, приватноста ја чува за себе - затоа беше изненадување кога се дозна дека се оженил на 45 години. Се сеќавате ли на бунтовникот Џес Маријано од Gilmore Girls?
Актерот Мајло Вентимиља се прослави со улогата на бунтовникот Џес Маријано во Gilmore Girls (2000), а 16 години подоцна се врати на голема врата во Холивуд со серијата This Is Us.
И на почетокот на 2000-те години, но и денес, важи за голем шармер кој не сака да зборува за приватниот живот.
И покрај тоа жените го обожаваат и често го посочуваат како пример за идеален маж (иако во голема мера тоа е поради улогите што ги глуми низ годините).
Што знаеме за Мајло Вентимиља?
Роден е на 8 јули 1977 година во Калифорнија.
Има италијански, англиски и шкотски корени.
Почнал да се занимава со глума на 18 години, но кога сфатил дека сака да биде актер, дал сè од себе за да успее.
Првата улога ја добил во 1995 година, во ситкомот The Fresh Prince of Bel-Air, со Вил Смит.
Со улогата на Џес Маријано во хитот Gilmore Girls си ја отвори вратата во Холивуд.
Улогата ја репризираше и во 2016-та година, овој пат во филмот Gilmore Girls: A Year in the Life, кој се прикажуваше на Netflix.
Глумеше и во хитот Heroes, каде што ја играше улогата на Питер Петрели, лик кој има способност да апсорбира и да ги имитира моќите на другите, а беше и синот на Роки (Силвестер Сталоне) во драмата Rocky Balboa.
Во серијата This Is Us го глумеше ликот на Џек Пирсон, кој му донесе номинација за неколку награди, вклучувајќи и Еми.
Тој дури и режираше неколку епизоди од серијата.
Низ годините често го позајмуваше гласот за синхронизација на многу цртани ликови.