Мадона за првпат ги покажа лицето и рацете во природно издание + Пластичен хирург појаснува зошто ѝ е променет личниот опис (фото)
- Детали
- четврток, 03 ноември 2022
„Лицето ѝ е смрзнато и забележително е дека направила повеќе естетски корекции, но претерала со ботоксот и затоа образите ѝ се подуени“ – тврдат пластичните хирурзи за Мадона. Мадона за првпат по критиките покажа како природно изгледа нејзиното лице, но и рацете кои ги крие под ракавици.
Мадона објави кратко видео кое за два дена собра над 16 милиони прегледи.
Откако во последниот период сѐ почесто е мета на критики затоа што премногу ги обработува фотографиите и видеата на социјалните мрежи, поп-кралицата покажа како изгледа пред да нанесе шминка и да стави ракавици.
Голем број од нејзините следбеници упатија негативни коментари и критики, па дури ја споредија и со Мики Рурк, а други коментираат дека заради естетските корекции таа денес изгледа како да има 74, а не 64 години.
@madonna ♬ original sound - Christinamarie James
Во 2012-та година поп-кралицата рече дека не е против пластичните операции, но дека одбива да зборува за тоа дали некогаш направила некаква корекција.
Пред неколку дена, Page Six го консултираше пластичниот хирург Ехсан Али кој се обиде да даде приближен увид што е тоа што се случува со лицето на пејачката.
Според него, Мадона најверојано имала пластична операција за затегнување на лицето, заради што нема брчки, но ниту израз на лицето, а освен тоа го коригирала носот и секако на неколку места ставила и ботокс.
Но, проблемот е во тоа што претерала со ботоксот, па тој почнал да се наталожува и затоа сега образите ѝ изгледаат премногу подуено.
„Ако го измерите просторот од врвот на веѓите до почетокот на косата забележувате дека просторот е поголем од три прсти, па по тоа се открива дека направила поткревање на пределот кај веѓите така што се направени засеци во косата и целосно кожата е затегната нагоре“ – вели докторот.
Според него, пејачката имала затегнување на пределот околу вратот и липосукција под брадата.
Ако подобро го погледнете видеото, ќе забележите дека на лицето на пејачката има движење само во пределот околу устата, а сѐ друго е скаменето.
Ако пред само неколку недели поп дивата беше топ тема додека се обидуваше нервозно да ги скрие дланките од папараците што ја снимаа и ја фотографираа на аеродром, сега за првпат одлучи да покаже како изгледаат тие без ракавици.
Б. С. Б. | Црнобело