Хајди Клум се преправи во дебел црв – како изгледаа подготовките за најсмешната Halloween маска досега? (видео)
- Детали
- вторник, 01 ноември 2022
„Тешко е да се движам. Немам раце и нозе. Кога паѓам, некој треба да ми помогне да станам“ - Хајди Клум уште еднаш докажа дека навистина е „Halloween кралица“ и годинава се надмина себеси со уникатната и смешна маска за Ноќта на вештерките – маскирана е во црв и откри како изгледаа подготовките за маската.
Секоја година Хајди Клум успева да ја направи најзабавната и најуникатната маска за Ноќта на вештерките, а годинава дефинитивно се надмина и ссебеси.
49-годишнот модел се маскира во црв. Нејзиниот партнер Том Каулиц беше рибар, а Хајди беше „закачена“ на неговата јадица.
Годинава Хајди ја одржа нејзината 21-ва традиционална Halloween забава, каде што ја покажа смешната маска.
Од фотките и видеата се гледа дека нејзиниот костим не е воопшто практичен и таа едвај се движи.
„Тешко е да се движам. Немам раце и нозе. Кога паѓам, некој треба да ми помогне да станам. Заглавена сум внатре. Малку е клаустрофобично“, сподели моделот.
Во еден миг кога го покажуваше костимот, Хајди легна и на земјата, па така даде интервју за еден од присутните новинари.
„Пробав да размислувам надвор од кутијата и да смислам нешто друго. Минатата година си помислив дека би било интересно да се маскирам во дрво или растение, и потоа одеднаш помислив да се маскирам во дождовен црв“, изјави моделот.
Хајди откри дека за изработка на костимот биле потребни над десет часа, а на Инстаграм сподели и видео на кое покажува дел од процесот.
Хајди вели и дека ова ѝ е омилената маска.
„Би рекла дека ова е една од најдобрите, бидејќи е многу необична, голема и чудна“.
Хајди сподели и видео од изработката на маската на Том Каулиц што изгледа навистина морничаво.
На видеото се гледа како на 33-годишниот музичар му ставаат протеза на лицето поради која изгледа како окото да му е извадено.
На забавата на Хајди присуствуваше и ќерка ѝ Лени Клум. Младата девојка беше маскирана во Кетвоман, со маска инспирирана од Мишел Фајфер која го глумеше култниот лик во Batman Returns.
Како и секоја година, на забавата на Хајди присуствуваа многу познати личности и дел од нив навистина се потрудиле околу своите маски.
Повеќе фотки од забавата на Хајди:
Спирова С. | Црнобело