Со години не зборува со сестра ѝ, се жали дека месечно преживува со 1.200 евра – Која е младата наследничка на Ламборгини?
Џинерва работи како креативен директор на колекциите за жени во семејната компанија, каде покрај модели на автомобили, се вклучени очила за сонце, облека, часовници и слично, а платата што ја добива е слична со просечната плата што ја земаат и другите Италијанци.
https://www.instagram.com/p/COAD07IlrZJ/?utm_source=ig_web_copy_link
Сепак, никој не знае точно колкаво е наследството во недвижен имот што таа го наследила, а се претпоставува дека изнесува околу 10 милиони евра.
Џинерва има еден брат, кој го носи името на нивниот славен дедо Феручо, а покрај него има уште три сестри Фламина, Лукреција и Елетра.
Од сите нив најпозната е Елетра која во Италија изгради успешна музичка кариера, а италијанските таблоиди со години наназад пишуваат за тоа дека Џинерва и Елетра не зборуваат.
Засега не се познати причините заради кои двете сестри се во лоши односи, но се смета дека Џинерва сакала во истиот период да ја започне музичката кариера како Елетра, но нејзиното семејство не ѝ дозволило да го направи тоа за да не ја засени повозрасната сестра.
Инаку Џинерва дури не присуствувала на свадбата на сестра ѝ со холандскиот диџеј Афроџек, додека нивните две сестри Лукреција и Фламинија биле старосватици.
Што се однесува до љубовниот живот, Џинерва вели дека е сингл, но дека има симпатии за одредена личност чијшто идентитет засега не го открива.
Б. С. Б. | Црнобело