Со години не зборува со сестра ѝ, се жали дека месечно преживува со 1.200 евра – Која е младата наследничка на Ламборгини?
- Детали
- недела, 30 октомври 2022
„Земам плата од 1.250 евра месечно и не се срамам. Не можам да си дозволам да возам Lamborghini“ – вели внуката на основачот на Lamborghini, Џинерва, која ја нарекуваат италијанската Кардашијан.
Само што ќе се спомне името Џинерва Ламборгини веднаш ни станува јасно дека станува збор за богата наследничка која потекнува од семејството кое стои зад еден од најпознатите брендови на спортски автомобили во светот.
Нејзината најстара сестра Елетра, во Италија веќе е позната како италијанската Кардашијан, а полека и најмалата сестра Џинерва почнува да привлекува внимание со своето однесување.
Џинерва (30) е ќерка на Тонино Ламборгини и Луиза Петерлонго и внука на основачот на Lamborghini, Феручо Ламборгини.
По завршувањето на средното образование се запишала на Католичкиот Универзитет во Милано каде студирала политички наука и меѓународни односи.
Сепак, по кратко време сфаќа дека оваа професија не е за неа и се одлучува да се врати во Болоња каде студирала мода.
Наследничката на автомобилската компанија вели дека отсекогаш сакала да се занимава со музика, оваа година објави две песни, а најголема слава стекна во Италија откако се појави во реалното шоу Big Brother.
Интересно, но додека учествуваше во шоуто таа откри повеќе детали за себеси, па рече дека иако компанијата е основана од страна на нејзиното семејство таа нема доволно пари за да вози Lamborghini.
„Земам плата од 1.250 евра месечно и не се срамам да го кажам тоа. Од тие пари 200 евра ми одат за основни трошоци. Не можам да си дозволам премногу работи ниту пак да возам Lamborghini, само да го наполниш резервоарот ти требаат 120 евра“ – рече таа.