„Пријателите ме користеа за да се појават во нашето шоу, бев осамена“: Кендал Џенер мрази што е славна уште од детството

„Се сеќавам дека во средно, седев во мојата соба и плачев со денови бидејќи Кајли имаше многу пријатели, а јас не и не знаев што да правам. До денес сум емотивна кога помислувам на тоа“ - Кендал Џенер вели дека трпела многу последици бидејќи пораснала пред очите на јавноста, а соучениците ја користеле со надеж дека ќе се појават на шоуто.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-01.jpg

Најмладите сестри од кланот Кардашијан-Џенер – Кендал и Кајли – пораснаа пред очите на јавноста и, очекувано, ова имало негативно влијание врз нив.

Досега и двете девојки неколкупати имаат зборувано за цената што ја платиле за славата, а сега Кендал откри дека во детството била искористувана поради нејзиното познато семејство.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-02.jpg

Во новото ријалити шоу на Кардашијанс, Кендал вели дека ѝ било особено тешко да се справи со славата на толку рана возраст.

Покрај тоа, многу соученици сакале да се појават на шоуто, па ја користеле Кендал со надеж дека ќе ги викне на гости додека се снима некоја епизода.

„Бев во основно кога почна да се емитува ријалити шоуто и пријателите на училиште беа чудни. Сакаа да доаѓаат кај мене на гости само за да се појават на шоуто“.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto07.jpg

Поради ова, Кендал почнала да се оддалечува дури и од пријателите кои ѝ биле навистина блиски.

„Ми беше непријатно. Не викав пријатели дома за да не бидат на шоуто бидејќи ми беше чудно“.

Кендал истакнува дека и Кајли била во слична положба, но таа барем ја имала Хејли Бибер со која се дружи до денес.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-05.jpg

Во поодамнешно интервју, Кендал зборуваше за осаменоста што ја чувствувала во детството.

„Се сеќавам, во основно и извесен период во средно немав многу пријатели. Седев во мојата соба и плачев со денови бидејќи Кајли имаше многу пријатели, а јас не знаев што да правам. До денес сум емотивна кога помислувам на тоа“.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-04.jpg

Во некои мигови, Кендал мислела дека целиот живот ќе биде осамена.

„Никогаш не мислев дека ќе имам повеќе пријатели од Кајли. Нормално, не се натпреварував со неа за тоа, но таа изгледаше многу среќна со нејзините пријатели“.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-06.jpg

Во друго интервју, Кендал открива дека во тинејџерските години многупати ги минувала деновите со нејзиниот коњ бидејќи немала со кого да се дружи.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-09.jpg

Ова негативно искуство ја натерало Кендал да го крие приватниот живот што е можно повеќе. Па, поради ова во ријалити шоуто се откриваат малку детали за неа.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-03.jpg

Имено, Кендал не можела да им верува ни на романтичните партнери, па поставила правило – никако да не се појавуваат на шоуто ако не се заедно повеќе од една година.

Ова го потврди и продуцентот на ријалити шоуто:

„Кендал отсекогаш го има ова правило бидејќи не ја знае намерата на луѓето. Поради ова криеме многу детали од нејзиниот приватен живот“.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-10.jpg

Кендал има и проблеми со анксиозност, а вели дека постојаното внимание од јавноста само ѝ ја влошува состојбата, најмногу бидејќи нејзините фанови се убедени дека животот ѝ е лесен и нема никакви проблеми.

„И јас имам мозок. И некогаш тој… па не е секогаш среќен. На крај, и јас сум само човек“.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-08.jpg

Иако во голема мера популарноста од ријалити шоуто ѝ помогна во кариерата како модел, Кендал вели и дека на почетокот било многу поразлично.

Наводно, поради ријалити шоуто, модните агенции не сакале ни да ја викнат на аудиција.

„Сите околу мене, пријателите и семејството, знаат колку напорно работев и дека уште работам за мојата кариера. Направив сè што треба за да станам модел.

Одев на секоја аудиција, одев насекаде не само во Њујорк, туку и низ Европа, за да добијам работа и да се пробијам.

Секако дека имав предност поради моето семејство. Свесна сум за тоа. Но, многу агенции не сакаа да ме ангажираат бидејќи бев дел од популарно ријалити шоу“.

prijatelite-me-koristea-za-da-se-pojavat-vo-nasheto-shou-bev-osamena-kendal-dzhener-mrazi-shto-e-slavna-ushte-od-detstvoto-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg