Камила Кабејо со хит видео: „Имав средба со вонземјани – успеав да ги снимам“

„Фатила мува во кадарот“ – велат некои од твитерџиите што го погледнаа видеото што Камила Кабејо го објави и на кое тврди дека успеала да сними неидентификуван летечки објект.

kamila-kabejo-vo-emisija-pokazha-video-snimka-imav-sredba-so-vonzemjani-uspeav-da-gi-snimam-01.jpg

Познатата пејачка Камила Кабејо (25) гостуваше во емисијата The Tonight Show во средата, а таму ја покажа видео снимката што ја направила во Чиле и на која верува дека успеала да ја „улови“ средбата со неидентификуван летечки објект (НЛО).

kamila-kabejo-vo-emisija-pokazha-video-snimka-imav-sredba-so-vonzemjani-uspeav-da-gi-snimam-02.jpg

За време на гостувањето пејачката го покажа видеото што го направила додека била во планините во Јужна Aмерика заедно со нејзините родители.

„Значи планинаревме и имаше многу чудни активности таму. Зборувам за активности со НЛО и со вонземјани. Јас не сум од оние луѓе... Не верувам во тоа, па да ми се случи да видам нешто што не постои. Моите родители сакаат да гледаат документарни филмови за НЛО. Јас сакам документарни филмови за природата, за планетата Земја и слично“ – вели таа.

kamila-kabejo-vo-emisija-pokazha-video-snimka-imav-sredba-so-vonzemjani-uspeav-da-gi-snimam-03.jpg

Но, иако не верува во НЛО, Камила ја покажа видео снимката во која според неа, може да се видат два или три неидентификувани летечки објекти.

„Го забавив видеото и мислам дека успеав да „уловам“ НЛО“ – вели таа, па додаде дека се двоумела дали да го покаже видеото во емисијата, затоа што не сакала да ја загуби довербата од вонземјаните.

kamila-kabejo-vo-emisija-pokazha-video-snimka-imav-sredba-so-vonzemjani-uspeav-da-gi-snimam-04.jpg

Видео снимката масовно се споделува и на социјалните мрежи и додека некои веруваат дека навистина станува збор за НЛО, други, пак, сметаат дека Камила „фатила“ мува во кадарот затоа што не оди зад планините.

Погледнете го видеото (видео снимката со НЛО почнува од 1:36):

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg