Кајли Џенер откри зошто го смени името на синот + се крие од јавноста бидејќи мрази да биде славна: „Таа е следната Бритни Спирс“
- Детали
- четврток, 06 октомври 2022
Повеќе од половина година Кајли Џенер не открива ништо за нејзиниот син, но сега кажа зошто се премислила за името, како и дека уште нема смислено ново. Во меѓувреме, поради видео од јавен настан на кое е очигледно дека на Кајли не ѝ е пријатно, фановите истакнуваат дека мрази да биде славна, но немала избор поради нејзиното семејство.
Кајли Џенер го доби второто дете во февруари годинава, но уште го нема покажано неговото лице.
Таа има споделено само неколку фотки од малото синче и на сите, вклучувајќи ги и најновите, се гледаат само неговите нозе или раце.
На последните фотки, Кајли ја покажува нејзината декорација за Ноќта на вештерките во дворот, а на една фотка позира пред нејзиниот базен со синчето.
Таа седи на лежалка во бикини, а синчето е легнато пред неа и му се гледаат само нозете.
На другата фотка повторно се гледаат нозете на синчето, но и нозете на Сторми, а двете деца носат исти патики.
Кајли успешно ја скри речиси целата бременост од јавноста, а откако се породи само откри дека му го променила името на детето.
Имено, таа и Тревис го одбрале името Вулф (волк), но околу еден месец подоцна споделија дека го смениле.
По половина година, Кајли уште го нема откриено новото име, но неодамна кажа зошто одлучиле да го сменат името.
Во епизода од новото шоу на Кардашијанс, Кајли открива дека воопшто не ѝ се допаѓало името Вулф.
„Немавме смислено име. Мислев дека ќе сфатиме како сакаме да го крстиме кога ќе го видиме. Но, тоа не се случи.
Моравме да го пополниме неговиот извод и ако не кажевме име, ќе го потпишеа само со неговиот матичен број. Па, бев под притисок да одберам име“.
Клои Кардашијан го предложила името Вулф, а во тој миг на Кајли ѝ се допаднало бидејќи одговарало со презимето на Тревис – Вебстер. Односно, ѝ се допаѓале иницијалите В. В.
„Го запишавме името Вулф Вебстер, но веднаш штом го потпишав изводот, си помислив: Што направив?“
Младата богаташка открива дека со Тревис уште немаат одлучено кое да биде новото име за синот.
„Тревис всушснот уште му го менува името. Ќе дојде и ќе ми рече: Навистина ми се допаѓа ова име. Па, тој ден го користиме тоа име. Но, јас му велам дека не можеме постојано да го правиме ова“.
Кајли вели дека името на детето уште не е официјално променето и дека ќе го сподели со јавноста кога ќе бидат сигурни со Тревис.
На Кајли ѝ требаше повеќе од половина година и за да сподели детали од породувањето.
Во епизода од шоуто на Кардашијанс која се емитуваше на крајот од септември, јавноста има можност да види што се случувало на денот кога Кајли почнала да се породува.
Кајли била префрлена во болница среде ноќ и на некои инсерти се гледа како мајка ѝ Крис се подготвува да ја посети.
„Ноќта кога Кајли почна да се породува беше многу возбудлива. Без разлика колку пати сум поминала низ ова, уште е хаос“, вели Крис Џенер во епизодата.
Во епизодата има и неколку снимки на кои се гледа Кајли во болницата, а има и инсерти од пред породилната сала.
За разлика од другите членови на семејството Кардашијан-Џенер, Кајли сè поретко се појавува во јавност и не се експонира на социјалните мрежи.
Односно, ја чува својата приватност што е можно повеќе.
Неодамна, пак, се појави видео од Кајли на модна ревија на Balmain каде што се гледа дека на младата богаташка не ѝ е воопшто пријатно од вниманието што го добива.
@nettart @kyliejenner as seen #backstage at the @Balmain show at #parisfashionweek #pfw #balmain #olivierousteing #runway #fashion #kyliejenner ♬ Memories (feat. Kid Cudi) - David Guetta
Таа дури и не се појавува на интервјуа без нејзината мајка или друг член од семејството.
Иако ова можеби звучи чудно за личност која се збогати бидејќи го споделуваше секој детаљ од животот со јавноста, се чини дека Кајли воопшто не ја сака својата слава.
Откако видеото стана вирално, нејзините фанови почнаа да се присетуваат на изјавите на Кајли со кои таа тврди дека го мрази вниманието од јавноста.
„Не е нормално да пораснете пред очите на милиони луѓе. Долго време се справувам со анксиозност и откако се породив и се справив со личните подеми и падови, сфатив дека морам одново да се пронајдам.
Ја штитам мојата приватност, но сакав да го споделам ова за да сфатите дека и јас сум човек. Мојот живот не е совршен и она што го гледате на социјалните мрежи е само површината“.
Во коментарите на видеото од модната ревија, фановите споделуваат и други изјави на Кајли, а воедно се загрижени за неа:
„Кајли има зборувано за нејзината анксиозност. Многу е очигледно во овие видеа“.
„Има спомнато дека не требало да биде позната личност. Но, Кајли немала избор. Имаше само девет години кога почна да се емитува шоуто на Кардашијанс“.
„Зошто не престанат да ја тераат да оди на јавни настани? Очигледно не се чувствува пријатно. И, ова очигледно има големо влијание врз нејзиното ментално здравје. Таа ќе биде следната Бритни Спирс“.
Спирова С. | Црнобело