„Двете се здружија и ми се нафрлија“ – Дали Ким и Клои се љубоморни на Кортни за бракот со Тревис?

Во каков однос се трите сестри Кардашијан? Дали Ким и Клои кои во последно време ги полнат таблоидите заради скандалите поврзани со разводи и неверства се љубоморни на тоа што Кортни живее како во бајка со Тревис и кога поточно односите меѓу трите сестри се влошиле?

dvete-se-zdruzhija-i-mi-se-nafrlija-dali-kortni-i-kloi-se-ljubomorni-na-kortni-za-brakot-so-trevis-01.jpg

Долго време се чинеше дека Кортни Кардашијан нема да се омажи. Таа ги одбиваше предлозите за брак на таткото на нејзините деца Скот Дисик, пред конечно да раскинат во 2015-та година.

Но, нештата почнаа да се одвиваат со неверојатна брзина откако влезе во врска со Тревис Баркер.

dvete-se-zdruzhija-i-mi-se-nafrlija-dali-kortni-i-kloi-se-ljubomorni-na-kortni-za-brakot-so-trevis-02.jpg

Иако, Кортни и Тревис биле пријатели со години, во 2021-ва година тие ја почнаа врската, а една година подоцна се верија и направија 3 свадби.

Иако, јавно сестрите на Кортни, Ким и Клои имаат само убави зборови за нивната сестра и нејзиниот сопруг, сепак, многумина се прашуваат зарем не е сосема возможно двете помали сестри да се љубоморни?

dvete-se-zdruzhija-i-mi-se-nafrlija-dali-kortni-i-kloi-se-ljubomorni-na-kortni-za-brakot-so-trevis-03.jpg

Клои Кардашијан неодамна го доби своето второ дете со НБА кошаркарот Тристан Томпсон, откако претходно стана јавно познато дека тој ја изневерил и добил дете со друга жена, а таа во тајност прифатила да се омажи за него.

dvete-se-zdruzhija-i-mi-se-nafrlija-dali-kortni-i-kloi-se-ljubomorni-na-kortni-za-brakot-so-trevis-06.jpg

Претходно се знае дека таа беше во брак со кошаркарот Ламар Одом од 2009-та до 2016-та година, со кого се разведе заради тоа што тој постојано ја изневеруваше, а имаше и проблеми со зависностите од алкохол и опојни супстанци.

Јасно е дека таа потајно посакува конечно да ја најде совршената личност за себе, но се чини дека постојано завршува со погрешната личност.

dvete-se-zdruzhija-i-mi-se-nafrlija-dali-kortni-i-kloi-se-ljubomorni-na-kortni-za-brakot-so-trevis-05.jpg

Клои јавно покажува голема поддршка за нејзината сестра Кортни, па така на Инстаграм споделува фотографии од цвеќињата што ги добила од Тревис Баркер по повод премиерата на новото реално шоу на нивното семејство.

Таа беше присутна и на свадбата во Италија на Кортни и Тревис од каде сподели фотографии и јавно им честиташе.

dvete-se-zdruzhija-i-mi-se-nafrlija-dali-kortni-i-kloi-se-ljubomorni-na-kortni-za-brakot-so-trevis-04.jpg

Ким Кардашијан од друга страна, пак, зад себе има три пропаднати бракови, а врската со 14 години помладиот Пит Дејвидсон речиси и сите ја заборавија.

Од друга страна, не одеше во прилог и тоа што Кортни со својата врска со Тревис како постојано да беше во центарот на вниманието и ги остави во сенка другите сестри.

dvete-se-zdruzhija-i-mi-se-nafrlija-dali-kortni-i-kloi-se-ljubomorni-na-kortni-za-brakot-so-trevis-07.jpg

Сепак, нарушениот однос на сестрите Кардашијан не е од пред една година или две, туку трае многу подолго, а неодамна Кортни даде изјава во која призна дека таа повеќе не е блиска со нејзините сестри како некогаш.

Кортни гостуваше во поткастот Not Skinny But Not Fat каде рече дека во минатото таа и двете сестри биле нераздвојни, но од 2018-та година па наваму нештата значително се влошиле.

„Мислам дека кога Клои беше бремена со Тру и кога Ким чекаше бебе од сурогат, тие две мошне се поврзаа, затоа што поминуваа низ истите нешта“ – вели таа и додава дека во тоа време воопшто не била среќна за време на шоуто затоа што чувствувала дека двете сестри се здружиле и ѝ се нафрлиле.

dvete-se-zdruzhija-i-mi-se-nafrlija-dali-kortni-i-kloi-se-ljubomorni-na-kortni-za-brakot-so-trevis-09.jpg

„Чувствував дека сето она што јас и Клои ѝ го правевеме на Ким, тие го префрлија врз мене“ – вели Кортни.

Интересно, но Кортни не зборуваше за нејзиниот однос со Ким, но рече дека нештата со Клои се во најдобар ред, дека редовно разговараат на телефон и имаат добар однос, но дека животот повеќе не е ист и дека се во различни фази на животот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg