Jа продава куќата, парите ги префрла на децата - Како Алек Болдвин се подготвува за затвор?
- Детали
- вторник, 27 септември 2022
Со наведната глава и видно вознемирен – Алек Болдвин беше фотографиран во моментот кога го доби телефонскиот повик дека против него ќе биде поднесено обвинение за смртта на младата кинематографка Халина Хачинс. Странските медиуми пренесуваат дека тој се подготвува за одење во затвор со неколку клучни потези...
Само неколку дена откако стана татко по осми пат, Алек Болдвин (64) се соочува со нови проблеми.
Обвинителката во Ново Мексико, најави дека ќе поднесе криминални обвиненија против него и уште тројца други за смртта на кинематографката Халина Хачинс која трагично го изгуби животот на снимањето на филмот Rust.
На фотографиите се гледа како актерот шета со неговите деца низ парк во Бруклин каде доби телефонски повик, а се забележува дека е мошне вознемирен, со темни подочници и ја држи главата со рацете.
Прочитајте и Со плодова течност и „збрчкано“: Кадар одблиску од штотуку роденото бебенце на Алек и Хиларија Болдвин, 7-мо по ред
Јавната обвинителка во Санта Фе, Мари Кармак Алтвајс најави дека сѐ уште не е одлучено, но најверојатно за случајот би можеле да бидат покренати обвиненија против 4 лица, меѓу кои и против актерот Алек Болдвин.
Инаку, според пишувањата во медиумите, актерот во моментов потрошил многу пари за адвокати, а се обидува да го обезбеди сопствениот имот и да ја заштити иднината на сопствените деца, па така минатата недела го огласил за продажба имотот на Лонг Ајленд кој вреди околу 29 милиони долари.
Од друга страна се очекува дека актерот планира парите да ги префрли во штедни фондови за своите деца со кои што би можел да го заштити сопствениот имот доколку се соочи со обвиненија и долгови во иднина.
Уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело