„Ослабела или ги извадила имплантите од градите“ – Изгледот на Ким Кардашијан топ тема на социјалните мрежи (фото)
- Детали
- четврток, 22 септември 2022
„Не знам која диета би можела да направи да ти се смалат градите“, „Сигурно ги извадила имплантите“ – велат обожавателите на Ким Кардашијан откако ја видоа фото-споредбата во која се видливи разликите во нејзиниот изглед.
Ким Кардашијан минатата недела гостуваше во шоуто на Џејмс Корден, каде говореше за раскинувањето со 14 години помладиот дечко Пит Дејвидсон и откри со каков партнер се замислува себеси во иднина.
На прашањето како таа ги наоѓа дечковците, дали користи апликации за состанување или ги запознава преку пријатели, старлетата одговори:
„Не сум размислувала премногу за тоа, бидејќи во моментов не барам дечко. Сакам да одморам некој период. Сметам дека ми е потребно да си посветам време на себеси и да се фокусирам, да го завршам факултетот итн.
Но, сметам дека во иднина, ќе треба да направам нешто поразлично, да одам на поразлични места.
Очигледно, тоа што го правам не функционира. Па, не знам. Можеби ќе одам во болница да запознаам доктор, или во правна фирма.
Мислам дека мојот иден дечко ќе биде научник, биохемичар, доктор, правник. Така ја замислувам сопствената иднина“ – рече Ким.
Изјавата дека во иднина ќе бара дечко што во голема мера ќе се разликува од нејзините претходни сопрузи и дечковци, изненади многумина, а фановите на старлетата забележаа уште еден детаљ што масовно го споделуваат на социјалните мрежи.
Имено, сите знаат дека пред годинешната Мет гала, Ким ослабе за да може да го носи фустанот на Мерилин Монро, а сега нејзините фанови забележуваат дека и градите значително ѝ се смалиле, па така на социјалните мрежи се води дискусија за тоа дали малите гради се должат на тоа што таа значително ослабела, или пак ги извадила имплантите.
На Твитер е објавена фото-споредба од Ким во 2017-та година и од Ким сега, па нејзините обожаватели коментираат за тоа колку се променил нејзиниот изглед.
„Ги извадила имплантите и тоа е“, „Каде ѝ исчезнаа градите?“, „Се умори ли од пластичните гради и задник?“, „Само изгубила килограми“, „Рече дека почнала да држи диета пред Мет gала и дека сѐ уште се држи до неа, но не знам која диета би можела да направи да ти се намалат и градите“, „Па, нормално, ако ослабеш ќе ти се намалат и градите“ – стои во дел од коментарите под фотоспоредбата.
Kim Kardashian sparks major concern as fans compare her 2017 TV appearance to her recent look on “The Late Late Show with James Corden”. pic.twitter.com/KxsoeyXcIg
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) September 21, 2022
Претходно, се шпекулираше дека Ким ги извадила и имплантите од задникот, а таа и самата говореше за тоа на што се должи нејзината витка фигура.
За потсетување, Ким во една прилика изјави дека заради екстремната диета пред Мет галата ѝ се активирала псоријазата, а напомена дека единственото место каде правела естетски корекции е пределот околу веѓите.
Прочитајте и Ким Кардашијан за екстремната диета: „Добив псоријаза по целото тело, не можев да ги мрдам рацете, но ќе направам сѐ за да бидам убава“
Б. С. Б. | Црнобело