Бившиот на Ким Кардашијан со нови изјави за секс-снимката: „Мајка ѝ ја објави, сакаше Ким да биде славна како Парис Хилтон“
- Детали
- четврток, 15 септември 2022
„Откако Парис Хилтон стана позната поради нејзината секс-снимка, Крис Џенер ги гледаше нашите видеа и одлучи кое да биде објавено за да го прослави семејството“, вели Реј Џеј, бившиот со кого Ким Кардашијан направи порно видео.
Бившиот на Ким Кардашијан тврди дека Крис Џенер одбрала која секс-снимка да биде пуштена во јавност, со цел да ја прослави ќерка ѝ.
Но, додека Кардашијанс изградија империја благодарение на снимката, репутацијата на Реј била уништена, па сега планира да ги тужи.
На почетокот од годинава, секс-снимката на Ким Кардашијан повторно се најде во центарот на вниманието откако се појавија гласини дека поранешното момче на ријалити ѕвездата, Реј Џеј, планира да објави уште едно видео.
Но, Реј тврди дека иако тој и Ким направиле неколку снимки, воопшто не планирал да објавува друга.
Истовремено, во неодамнешно видео во живо на Инстаграм тој изјави дека всушност мајката на Ким била таа која го објавила видеото, само за популарност.
Експлицитното видео беше објавено во 2007 година, но било направено околу пет години претходно.
Наводно, тогаш Ким добила 1 милион долари за да ги продаде правата за снимката. Подоцна таа се обиде да ја тужи компанијата што го објави видеото, но сепак направи приватна спогодба, надвор од судница.
Кратко откако видеото излезе во јавност, на телевизијата E! почна да се емитува ријалити шоуто на Кардашијанс, а факт е дека токму снимката на Ким го прослави.
Поради ова, одамна постојат гласини дека Крис го објавила видеото од Ким само за да го прослави семејството, а по сè изгледа ова е точно.
Бившиот на Ким, Реј, вели дека е гневен за снимката бидејќи му ја уништила репутацијата. Имено, јавноста го обвинувала него, кога всушност Крис, но и самата Ким стоеле зад нејзиното објавување.
Тој вели дека целата ситуација е „најголемата лага во историјата на забавната индустрија“.
„Гледате како цело семејство направи империја со лага. Ова е непочитување за лицата од забавната индустрија кои се искрени“.
Бидејќи и Реј се согласил да ја објават, вели дека снимката е всушност „договор и партнерство“ помеѓу него, Ким и Крис.
Според него, тие ја добиле идејата од секс-снимката на Парис Хилтон која тогаш беше блиска со Ким Кардашијан.
Наводно, тие забележале дека популарноста на Парис Хилтон драстично се зголемила по објавувањето на нејзината секс-снимка со Рик Саломон.
„Јас само ѝ ја спомнав Парис Хилтон, а тогаш таа ја доби идејата и веднаш разговараше со мајка ѝ. Одовде, ситуацијата излезе од моја контрола“.
Ким негира дека сакала да ја објави снимката, но Реј стои на своето.
Тој вели дека со Ким направиле неколку снимки, а уште повознемирувачко е што Крис ги изгледала сите и таа одбрала која да биде пуштена во јавност.
Реј вели дека сега планира да ги тужи Ким и Крис бидејќи додека тие направиле империја со снимката, а неговата репутација била уништена.
Тој истакнува и дека не му верува ниту една жена бидејќи мислат дека тој ја објавил снимката без дозвола на Ким.
Во видеата, Реј покажа и дел од пораките што си ги пишувал со Ким во врска со снимката и покажува докази дека направиле договор за нејзиното објавување со цел да ги поделат парите од продажбата.
„Јас добив 12,5%. Ким доби 12,5%. Таа го има истиот договор како и мене, па, погодете што – сигурно ќе го покажат на суд бидејќи мора да го видат“.
Засега Ким и Крис се немаат огласено за новите тврдења на Реј, но најверојатно ќе негираат.
Останува да видиме дали поранешниот на Ким ќе оди на суд.
Спирова С. | Црнобело