Прво појавување на Вил Смит и сопругата по шлаканицата на Оскарите - Џејда го терала да се извини, Крис Рок не го прифаќа извинувањето
- Детали
- понеделник, 15 август 2022
По шлаканицата на Оскарите и неуспешниот обид на Вил Смит да му се извини на Крис Рок, и тоа по наредба на Џејда, актерот и сопругата првпат се појавија во јавност, отокако речиси пет месеци се криеја од папараците.
По шлаканицата што ги обележа овогодишните Оскари, Вил Смит и сопругата Џејда целосно се повлекоа од јавноста.
Но сега, првпат по инцидентот и неуспешниот обид на актерот да му се извини на комичарот, Вил и Џејда беа забележани во јавност.
Парот беше фотографиран за време на викендот во Малибу и изгледаа одлично расположени.
Актерот, кој пуштил брада, и Џејда, беа во лежерно издание, па дури и им упатија насмевка на папараците.
Неколку недели претходно, Вил Смит објави видео во кое му се извинува на Крис Рок. Актерот му удри шлаканица на комичарот на доделувањето на Оскарите, поради шега на сметка на Џејда и фактот дека нема коса.
Но, Крис Рок не знаел дека Џејда има алопеција, па затоа и сметал дека шегата е во ред.
Вил Смит се соочи со многу критики за ова однесување, па на крај беше присилен јавно да се извини.
„Изминативе неколку месеци, многу размислував и работев на себе. Поставивте многу прашања за кои ми требаше време да ги одговорам…
Ниту еден дел од мене не мисли дека тоа беше добро однесување. Ниту еден дел од мене не мисли дека тоа е начинот да се справам со непочитувањето на навредите.
Го побарав Крис и добив порака дека не е подготвен да разговара. Кога ќе биде, ќе ме побара.
Сакам да ти кажам Крис дека ти се извинувам. Моето однесување беше неприфатливо и тука сум кога ќе бидеш подготвен да зборуваш“, вели актерот во видеото објавено на Јутјуб кое трае речиси шест минути.
Според изворите, Вил Смит го снимил видеото по наредба на Џејда, додека тој не планирал да се извинува јавно.
„Џејда го притискаше Вил да се извини бидејќи настанот стана како темен облак над нејзиното ток-шоу. Сите постојано беа во исчекување да се спомне тој момент“, вели извор за Us Magazine.
Истиот извор вели дека Вил минувал низ пекол поради реакциите на јавноста.
„Неговиот тим се надеваше дека контроверзијата ќе стивне, но тоа не се случи. За него ќе биде невозможно да продолжи со успесите освен ако не направи обраќање за шлаканицата“.
Актерот откри и дека Џејда воопшто не го натерала да реагира на зборовите на Крис на Оскарите, туку во тој миг сметал дека мора да го удри.
За извинувањето се огласи и Крис, но не го прифати, туку го исмеа, истакнувајќи дека Вил пробува да се направи жртва во целата ситуација.
„Сите пробуваат да бидат жртви. Ако секој тврди дека е жртва, тогаш никој нема да ги слушне вистинските жртви. Дури ни мене кој бев удрен од Смит…
Сите кои велат дека зборовите се болни никогаш не биле удрени по лицето“.
И Џејда прозборе за шлаканицата во нејзиното ток-шоу:
„Се надевам дека овие двајца интелигентни и способни мажи ќе имаат можност да разговараат за ова и да се смират. Дотогаш, Вил и јас ќе продолжиме да го правиме она што го правиме веќе 28 години – ќе продолжиме заедно да се обидуваме да го разбереме ова нешто наречено живот“.
Спирова С. | Црнобело