Актерката која глумеше секси мајка во „Американска пита“ открива: „Спиев со 200 мажи благодарение на таа улога“
- Детали
- петок, 05 август 2022
„Улогата во „Американска пита“ само ми донесе бенефит во животот“ - вели актерката Џенифер Кулиџ, која остана позната по улогата на секси мајка која заведува еден од врсниците на својот син во филмот. Се сеќавате ли на мајката на Стифлер?
Џенифер Кулиџ (60) можеби е најпозната по улогата на мајката на Стифлер во култниот филм од 1999-та година „Американска пита“ (American Pie), каде глумеше секси мајка која заведува еден од врсниците на нејзиниот син.
Таа даде кратко интервју за магазинот Variety, каде меѓу другото говореше за тоа како култните улоги што ја означија нејзината кариера влијаеле и врз нејзиниот приватен живот.
Мајката на Стифлер ја помнат речиси сите што имале прилика да го погледнат култниот филм, а иако кратка, таа улога ѝ донесе неверојатна слава, по што се појави и во уште една култна комедија од почетокот на 2000-тите „Легално Русокоса“, каде глумеше заедно со Рис Витерспун.
https://www.youtube.com/watch?v=YfraJuuI-ts
Во тоа време, нејзината улога помалку делуваше шокантно, а денес, 23 години подоцна, актерката проговори и вели дека таа улога ѝ го променила животот, а ѝ донела и голем број сексуални средби.
„Мислам, ако не ја прифатев улогата, тоа ќе значеше дека ќе спијам со 200 луѓе помалку во мојот живот. Можеби добивав посебно внимание затоа што луѓето ме гледаа како мајката на Стифлер и жената од „Легално русокоса“. Па и не гледаа ништо друго – одеднаш сите бараа од мене да бидам дел од нивните планови“ – вели Кулиџ.
Jennifer Coolidge on the benefits of being a MILF in #AmericanPie: "There would be like 200 people that I would never have slept with!" https://t.co/FhlBAoU12a pic.twitter.com/8aUeuzmgEB
— Variety (@Variety) August 3, 2022
Кулиџ во последно време е актуелна со улогата на Тања во серијата „White Lotus“, што ќе почне да се емитува во октомври, а таа откри дека со ликот што го толкува има една заедничка карактеристика.
„Мојата слабост отсекогаш биле мажите, и како што тоа го прават голем број жени – знам целосно да се потрошам за некој маж. Голем дел од животот го поминав во бркање недостапни мажи“ – откри таа.
Погледнете го трејлерот за новата серија „White Lotus“:
Уште неколку фотографии од Џенифер:
Б. С. Б. | Црнобело