Кој трик го користи Кејт Мидлтон за на сите фотографии да изгледа совршено?
- Детали
- сабота, 06 август 2022
Колку фотографии ви се потребни да направите за да добиете една совршена која ќе ја објавите на социјалните мрежи? Од друга страна, се чини дека Кејт Мидлтон секогаш е убава, дури и на папараци фотографиите. Кој е нејзиниот трик?
Се чини дека без разлика на тоа кога и каде ја фотографираат, Кејт Мидлтон секогаш изгледа совршено.
Миранда Холдер е експерт за кралското семејство и за славните личности, а на својот ТикТок профил објави видео во кое откри која е тајната на сопругата на принцот Вилијам што ѝ овозможува на сите фотографии да изгледа убаво.
„Војвотката од Кембриџ имаше тренинг за односи со медиумите и ќе ви кажам кој е нејзиниот трик што таа секогаш го користи.
Tаа е научена дека секогаш треба брадата да ја држи паралелно со подот. Таа никогаш не ја крева брадата нагоре, не ја наведнува надолу и тоа ѝ овозможува секогаш да добие убава фотографија“ – појаснува Миранда.
Нејзиното видео досега го погледнале 2,5 милиони следбеници на ТикТок, а во коментарите голем број од нив велат дека не е до трикот, туку до тоа што за изгледот на Кејт се грижи посебен тим професионалци, а ниту една нејзина фотографија не смее да биде објавена без дозвола на кралското семејство.
Што мислите вие?
Погледнете го видеото во продолжение:
@themirandaholder Try it and see! #katemiddleton #katemiddletonstyle #personalstylistonline #fashionover40 ♬ Cool Kids (Sped-Up Version) - Echosmith
Б. С. Б. | Црнобело