Принцот Џорџ со неодолива насмевка на новиот роденденски портрет – идниот престолонаследник наполни 9 години
- Детали
- петок, 22 јули 2022
Принцот Џорџ го слави својот 9-ти роденден, а по тој повод е објавена нов официјален портрет од идниот престолонаследник, на кој тој ја покажа својата неодолива насмевка.
Во четвртокот (21.07.), еден ден пред најголемиот син на принцот Вилијам и Кејт да го прослави својот 9-ти роденден, беше објавен нов роденденски портрет на принцот Џорџ.
Откако го украде шоуто на годинешниот Вимблдон, принцот Џорџ ја покажа својата неодолива насмевка во новиот роденденски портрет објавен на официјалните профили на социјалните мрежи на кралското семејство.
Џорџ позира во сина поло-маица, со разбушавена коса, на плажа, а за него се вели дека е мошне среќно и љубезно момче кое е опседнато со фудбал и постојано сака да си игра надвор.
Од септември, Џорџ кој наполни 9 години и неговата сестра Шарлот, ќе почнат да одат во ново училиште, откако принцот Вилијам и Кејт одлучија да се преселат во Adelaide Cottage, имот што се наоѓа во непосредна близина на Виндзорската палата, што е службена резиденција на кралицата Елизабета Втора.
За потсетување, принцот Џорџ се роди на 22-ри јули 2022-ра година, како прво дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Прочитајте и Принцот Џорџ главна ѕвезда на Вимблдон со смешните реакции – се проѕева, го чепка носот и го запозна Новак Ѓоковиќ (фото)
Б. С. Б. | Црнобело