Кајли Џенер троши милиони на облека, приватен авион и луксузни палати – Како ријалити ѕвездата од милијардерка денес е пред банкрот?
Луксузни имоти
Првата палата што Кајли ја купи на возраст од 17 години чинеше 2,7 милиони долари, а истата ја продаде во 2017-та за цена од 3,15 милиони.
По ова, купи нова палата вредна 6 милиони долари, а тоа не ѝ беше доволно, па одлучи да ја купи и соседната куќа вредна 15 милиони долари.
По ова следеше уште една палата во 2016-та година вредна 12 милиони долари, а во 2018-та одлучи да биде сосетка со холивудските ѕвезди и купи имот вреден 13,5 милиони долари во Беверли Хилс заедно со Тревис Скот.
Дополнително, во 2020-та година одвои уште 36 милиони долари за нова палата во Бел Ер, која има седум спални соби.
Се проценува дека ријалити ѕвездата потрошила околу 80 милиони долари само на скапи имоти.
Приватен авион
Освен што потроши 72 милиони долари за да го купи авионот, таа годишно треба да троши по 5 милиони долари само за одржување на истиот.
Со оглед на тоа што се работи за поголемо летало, Кајли ќе може да го користи авионот за подолги патувања, но ќе му треба подолга писта за да може да слета.
Скап маникир
Неодамна Кајли се најде на удар на критики откако објави видео во кое се гледа дека го мачка со лосион својот новороден син со долги маникирани нокти.
Се знае дека таа редовно го посетува салонот на Бритни Токио, каде се наплаќаат 125 долари за 2-часовен третман и 50 долари за резервација.
Ако земете предвид дека Кајли го менува изгледот на ноктите многу често, станува јасно дека оваа сума брзо станува многу голема.
Дизајнерска облека
Dolce & Gabbana, Fendi, Burberry и Gucci. Ова се брендовите што Кајли ги преферира за себеси, но и за својата 4-годишна ќерка Сторми. Се проценува дека милијардерката троши околу 300.000 долари месечно на облека.
За обезбедување
Животот на славните не е безбеден, па затоа се свесни дека редовно мора да имаат обезбедување околу нив.
Месечно Кајли троши од 300-400 илјади долари само на обезбедувањето што ја следи во чекор и внимава на нејзината безбедност.
Б. С. Б. | Црнобело