Кајли Џенер троши милиони на облека, приватен авион и луксузни палати – Како ријалити ѕвездата од милијардерка денес е пред банкрот?
- Детали
- четврток, 21 јули 2022
Во 2019-та година беше прогласена за најмладата милијрадерка, а денес се шират написи дека ако Кајли Џенер не намали со трошењето наскоро би можела да банкротира. На што и колку пари троши ријалити ѕвездата која со своето неодговорно однесување постојано е мета на критики?
Ако Кајли Џенер (24) не се обиде да го ограничи неконтролираното трошење наскоро би можела да банкротира, пишува Page Six, повикувајќи се на сопствени извори и нагласува дека дури и членовите на нејзиното семејство се загрижени за неа.
Пред една недела манекенката и ријалити ѕвезда на Инстаграм објави видео во кое се пофали со новиот приватен авион вреден 72 милиони долари.
Приватниот авион беше паркиран до оној на нејзиното момче Тревис Скот, а до фотографијата таа напиша: „Ќе одиме со мојот или со твојот (авион)?“
Дополнително, таа се пофали дека со авионот патувала само 17 минути за да помине пат од само 50-тина километри, што би можела да го пропатува за 30-тина минути со автомобил – пат што таа го помина само за да стигне до аеродромот.
Објавата наиде на голем број негативни критики и коментари од следбениците кои велат дека таа е „вулгарна“ и дека воопшто не се грижи за климатските промени.
За да се одбрани од критичарите, таа објави видео на кое покажа дека заедно со ќеркичката Сторми (4) и внуките Чикаго и Тру пазари во „Таргет“ - продавница во која купуваат и „обичните“ луѓе.
@kyliejenner surprise target trip with my girls
♬ original sound - Kylie Jenner
Инаку, во 2019-та година Forbes ја именуваше за најмладата милијардерка, но по само неколку месеци, во 2020-та година нејзиното богатство падна на 900 милиони долари.
Според Forbes Кајли и Крис Џенер лажеле за заработката и всушност нејзиниот бренд Kylie Cosmetics не остварува толку голем профит како што се пишува во медиумите.
Сега, две години подоцна, според написите, нејзината мајка Крис Џенер која воедно ѝ е и менаџер, стравува дека Кајли би можела наскоро да банкротира доколку не почне поконтролирано да ги троши парите.
На што најмногу троши пари Кајли?
Како и другите сестри од семејството Кардашијан, и Кајли има импресивна колекција автомобили. Уште на 15 години таа добила подарок Mercedes-Benz G-Class SUV вреден 125.000 долари.
По ова следуваа Lamborghini Aventador од 400.000 долари, Rolls-Royce Phantom од 460.000 долари, а освен за себе, таа купува луксузни автомобили како подарок за најблиските. Во 2018-та година таа ѝ купи на Крис Џенер Ferrari 488.