8 славни жени кои отворено прозбореа за проблемите со плодноста

Ким Кардашијан и Селин Дион се само дел од познатите жени кои отворено прозбореа за проблемите со плодноста и неуспешните обиди да станат мајки (повторно или по првпат).

8-slavni-zheni-koi-otvoreno-prozborea-za-problemite-so-plodnosta-01.jpg

Многу жени ширум светот се соочуваат со проблеми кога сакаат да станат мајки.

Некои имаат здравствени проблеми кои имаат влијание врз нивната плодност, а некогаш и самиот стрес од целата ситуација може да го отежни зачнувањето.

Проблемот е што на жените неретко им е срам да зборуваат за оваа тема, па можно е да се чувствуваат сосема осамено во нивната битка да станат мајки.

Но токму затоа голем број познати жени одлучија да го искористат нивното влијание и отворено да прозборат за нивните проблеми со плодноста. Со ова тие им докажуваат на жените дека не се сами и дека секоја може да се најде во иста ситуација.

Покрај тоа, голем дел од овие славни жени на крај успеале да забременат, а со тоа им даваат надеж на другите кои биле во слична позиција.

10 познати жени кои отворено прозбореа за проблемите со плодноста:

Криси Тајген

Криси Тајген и Џон Леџенд со години се обидуваа да добијат дете без помош од лекари.

Криси отворено зборуваше за оваа битка и на крај успеа да стане мајка со асистирано оплодување.

8-slavni-zheni-koi-otvoreno-prozborea-za-problemite-so-plodnosta-02.jpg

Анџелина Џоли

Анџелина првпат стана мајка откако го посвои синот Медокс од Камбоџа. Неколку години подоцна, со поранешниот сопруг Бред Пит го добија првото биолошко дете, а потоа и посвоија уште неколку.

Најмладите деца на Џоли, близнаците Вивиен и Нокс, актерката ги доби со помош на ин витро.

8-slavni-zheni-koi-otvoreno-prozborea-za-problemite-so-plodnosta-3.jpg

Кортни Кокс

Ѕвездата од „Пријатели“ има изјавено дека имала неколку спонтани абортуси пред да ја добие ќерката Коко.

По неколкуте неуспешни обиди, таа и сопругот се одлучија за ин витро оплодување.

8-slavni-zheni-koi-otvoreno-prozborea-za-problemite-so-plodnosta-04.jpg

Тајра Бенкс

Тајра има изјавено дека целиот живот сонувала да стане мајка, а оваа желба ѝ се исполни дури на 40 години.

Како многу ѕвезди на листава, по неколку неуспешни обиди да остане бремена, и таа се одлучи за асистирано оплодување.

8-slavni-zheni-koi-otvoreno-prozborea-za-problemite-so-plodnosta-05.jpg

Брук Шилдс

Брук Шилдс зад себе има неколку неуспешни обиди за асистирано оплодување.

Но, не се откажа и во 2003 година го доби првото дете. Неколку години подоцна таа доби и ќерка, овојпат без асистирано оплодување.

8-slavni-zheni-koi-otvoreno-prozborea-za-problemite-so-plodnosta-06.jpg

Селин Дион

Првиот обид за асистирано оплодување на познатата пејачка се покажал како успешен, по што таа го доби нејзиниот син.

Но, додека да ги добие близнаците Нелсон и Еди, пејачката имала спонтан абортус и шест неуспешни обиди за асистирано оплодување.

8-slavni-zheni-koi-otvoreno-prozborea-za-problemite-so-plodnosta-07.jpg

Ен Хатавеј

На Ен Хатавеј ѝ било толку тешко да остане бремена, што почнала да се чувствува непријатно кога гледала други бремени жени.

За среќа, по многуте неуспешни обиди, на крај сепак доби дете.

8-slavni-zheni-koi-otvoreno-prozborea-za-problemite-so-plodnosta-08.jpg

Ким Кардашијан

За првата бременост, Ким Кардашијан не се соочи со никакви проблеми.

Но, втората бременост била поголем предизвик, па ријалити ѕвездата се одлучи за ин витро оплодување.

За останатите две деца Ким се одлучи за сурогат мајка поради проблеми со здравјето.

8-slavni-zheni-koi-otvoreno-prozborea-za-problemite-so-plodnosta-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg