Италијанката Кјара Ферањи во топлес издание на одмор на Грција - на остров каде се забранети автомобили
- Детали
- вторник, 12 јули 2022
За убавината на грчките острови сведочи тоа што најпознатите луѓе во светот ги бираат постојано како летна дестинација. Но, на кој остров појде една од најславните Италијанки, која во последно време постојано ја гледаме топлес?
По низата работни ангажмани како што е посетата на Модната недела во Париз, како и по здравствената битка на сопругот Федез со туморот на панкреас, една од најпознатите Италијанки Кјара Ферањи ужива со пријателите на одмор во Грција.
Таа го избра грчкиот остров Хидра. Овој остров се наоѓа во срцето на Саронскиот Залив и на него забранети се автомобили, секаде се оди пешки, со магариња или чамци, а атрактивен е затоа што е блиску до Атина и оттаму ќе стигнете со 2-часовно патување со траект. Спаѓа во групата на Арго-Саронски острови.
Кјара на одморот во Грција позираше во топлес издание со опис на фотографијата „Ослободи ги брадавиците“.
https://www.instagram.com/p/Cf4FnvlKRVQ/
Интересно е што италијанската модна блогерка и инфлуенсерка во последно време постојано позира со разголени гради со описи од типот „Мајка природа“ и „Мое тело, мој избор.“