Шакира сурфа во Шпанија со непознат маж и неколку пријатели, по неверството на Пике (фото)
- Детали
- петок, 01 јули 2022
По шокантната разделба со Пике, Шакира изгледа одлично без грам шминка, додека сурфа во Шпанија со синот и неколку пријатели, од кои едниот се чини дека ѝ е навистина близок.
По разделбата на Шакира и Пике што беше изненадување за целата јавност, 45-годишната пејачка беше забележана како сурфа во Шпанија.
Во друштво на 11-годишнот син Милан и неколку пријатели, Шакира е во навистина добро расположение.
Пејачката носеше спортски костим за пливање со долги ракави и ногавици, а од фотките се гледа дека сурфа како вистински професионалец.
Во природно издание и без грам шминка, пејачката изгледа одлично.
Не е познат идентитетот на пријателите на пејачката, но со еден од нив изгледа како да е навистина блиска.
Шакира и 35-годишниот Пике се разделија пред околу две недели, наводно поради неверство од страна на Пике.
Уште пред да се разделат, во странските медиуми се појавија гласини дека Пике ја изневерувал. Исто така, Шакира буквално го избркала Пике од нивниот заеднички дом неколку недели пред да ѝ соопштат на јавноста дека се разделуваат.
По разделбата, извори блиски до Пике споделија дека тој уживал во „ергенскиот живот“, а беше поврзуван и со девојка која потекнува од Скопје.
Прочитајте повеќе: Пике и Шакира наводно раскинале заради девојка од Скопје, со која тајно се гледал во Дубаи – Која е Драгана Спасовска?
Шакира и Пике ја почнаа врската во 2011 година и заедно имаат две деца – Милан и Саша.
Парот одбиваше да се венча – и двајцата велеа дека не чувствуваат желба или потреба од тоа.
Погледнете и: Му ја смени бравата од семејниот дом, тој не добива од нејзиното богатство – Нови детали за разделбата на Шакира и Пике (фото)
Шакира сурфа во Шпанија:
Спирова С. | Црнобело