Бабата на Кајли и Кендал редовно ги критикува Кардашијанс: „Шоуто е глупаво, а внуките претераа со операции“

Вели дека Крис ѝ го уништила животот на Кејтлин Џенер (порано Брус), дека шоуто на Кардашијанс е глупаво, но и дека ги осудува пластичните операции на нејзините внуки – Естер, мајката на Кејтлин, има само лоши зборови за кланот Кардашијан.

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-01.jpg

Естер Џенер е мајката на Кејтлин Џенер која честопати ги критикува Кардашијанс, но тврди дека многу ги сака Кендал и Кајли.

Исто така, таа долго време ја критикуваше и транзицијата на Кејтлин, а во една прилика изјави дека ќе продолжи да ја вика Брус, без разлика дали таа сака или не.

Последно таа даде изјава за The Sun во врска за свадбата на Кортни и Тревис и фактот дека Кејтлин не беше поканета. И, секако, ја искористи можноста за уште една критика кон Кардашијанс.

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-08.jpg

На прашањето дали смета дека Кејтлин е повредена што не била поканета, Естер изјави:

„Не знам ни дали воопшто ѝ е грижа. Немаме разговарано за тоа. Мислам дека новото шоу на Кардашијанс е најглупавото нешто што сум го изгледала. Но, го направија моите внуки, Кендал и Кајли, кои многу си ги сакам. Тие се моја крв. И другите деца – Ким, Кортни, Клои и Роберт – ги чувствувам како мои“.

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-07.jpg

Бидејќи ова не е првпат Естер да го критикува семејството, набрзо по нејзината објава се огласи и портпарол на Кејтлин:

„96-годишната мајка на Кејтлин е сенилна. Живее сама во дом. Кејтлин има најмено обезбедување кое внимава 24/7 бидејќи се плаши за нејзината безбедност. Сите коментари за децата Кардашијан-Џенер се само мислење на оваа жена и можат да бидат болни за Кејтлин“

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-06.jpg

Естер воопшто не ја сака Крис Џенер, поранешната сопруга на Кејтлин, и ја користи секоја можност за да истакне дека таа е личност којашто сака да контролира и дека ѝ го уништила животот на Кејтлин:

„Таа го претвори Брус (сега Кејтлин) во маж без самодоверба!“

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-11.jpg

Денес Естер отворено ја поддржува Кејтлин, но ѝ биле потребни многу години да ја прифати нејзината транзиција.

Пред неколку години, Естер изјави:

„Таа не го побара ова сама, ова е состојба која почнува уште во матката на мајката. Она што го знам за Кејтлин, а јас ја знам најдобро, е дека таа е посветена личност“.

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-02.jpg

Во 2014-та година, кога Крис и Кејтлин се разведоа, Естер веднаш даде интервју и го сподели нејзиното мислење за поранешната снаа:

„Мислам дека со сите се однесува лошо. Може да ве навреди со нејзината голема насмевка. Знаете што треба да правите со таква личност? Да ја избегнувате кога е возможно.

Таа им забодува ножеви во грбот на моите внуци, а јас не можам да го поднесам тоа. Многу е доминантна – сè мора да биде како што сака таа. Се држев понастрана од неа што е можно повеќе“.

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-09.jpg

Естер тврди и дека Крис ги контролирала сите пари на Кејтлин, но и дека била ужасна домаќинка и мајка.

„Сега откако си ја врати слободата, не мора да бара пари од Крис како претходно. Досега не можеше да си купи ништо без да побара пари од неа.

Крис никогаш не готвеше за децата и Брус требаше да се грижи за нив. Само тој менуваше пелени, не сум видела некогаш Крис да го направи тоа. Тој ги бањаше и им облекуваше пижами, тој ги носеше на училиште. Крис не правеше ништо“.

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-03.jpg

Тој период никој не знаеше дека Кејтлин сака да го промени полот, но почна почесто да се појавува со шминка, а имаше и долга коса. Но, на Естер не ѝ се допаѓале овие промени во изгледот.

„Му реков дека има 65 години, а ја носи косата како тинејџер бунтовник“.

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-04.jpg

Во истото интервју, Естер вели и дека многу ги сака нејзините внуки и е особено горда на нив, но дека Кортни и Ким не сакаат да зборуваат со неа. Нормално, и покрај тврдењата дека ги сака, ја искористи можноста да ги критикува:

„Боже, начинот на кој си ги рекламираат телата… И сите операции што ги имаат направено… Што сакаат да докажат?“

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-10.jpg

Откако Кејтлин ѝ соопшти на јавноста за својата транзиција со насловната страница на Vanity Fair, Естер се обиде да ја даде нејзината поддршка, но повторно со доза критика.

„Ќе ми биде тешко да се навикнам на промената, но многу сум среќна за него – или неа! Но, уште ќе го викам Брус. Јас и неговиот татко му го дадовме тоа име“.

majkata-na-kejtlin-dzhener-redovno-gi-kritikuva-kardashijans-shouto-e-glupavo-a-vnukite-preteraa-so-operacii-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога Бракот на Ким кој траеше 72 дена, како и врската на Кортни Кардашијан со основач...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg