Камила Кабејо (25) во полутанга бикини, со целулит и опуштено стомаче, самоуверена на одмор во Италија
- Детали
- понеделник, 06 јуни 2022
Камила Кабејо зрачи самодоверба на папарацо фотките направени во Италија, уште еднаш покажувајќи дека воопшто не ѝ е грижа што мисли јавноста за нејзиното стомаче и целулитот.
Камила Кабејо ги менува правилата за тоа како треба да изгледа женското тело и дефинитивно е одличен пример за многу девојки.
Пред неколку денови таа беше во Капри, Италија, и гордо ги покажа облините.
25-годишната пејачка изгледаше одлично во природно издание со портокалови бикини.
Како и многу девојки и жени, и Камила има целулит, а изгледа посамоуверено од кога било.
Камила беше на јахта во друштво на неколку пријатели.
За младата пејачка веќе е познато дека остро им возвраќа на критиките за нејзиното тело, честопати истакнувајќи дека таа е жена како и секоја друга, и нормално е да има стомаче, целулит и некој килограм плус.
Пред околу еден месец, пејачката отворено прозборе за постојаниот притисок да биде слаба и да изгледа „совршено“, истакнувајќи дека овие очекувања се нереални за секоја жена.
„Сум носела бикини кои се минијатурни и не сум обрнувала внимание на тоа како изгледам, за потоа да видам фотографии и коментари кои ќе ме разочараат. Кога ова ми влијае на самодовербата, се потсетувам дека ова се очекувања од јавноста, а не од мене. Јавност која се навикнала на слика за тоа како треба да изгледа ’здравото‘ женско тело која не е воопшто реална за многу жени“.
Пејачката истакнува и дека поради нереалните очекувања, многу жени користат Фотошоп, рестриктивни диети и што уште не, само за да изгледаат „подобро“.
Таа вели и дека во миговите кога нејзината самодоверба страда поради лошите коментари, почнува да се фокусира на жени кои ги прифаќаат нивните тела.
„Честопати го слушам говорот на жени кои ги прифаќаат нивните стрии, стомачиња, целулит и промени во тежината“.
Камила смета и дека нема поента да се обидуваме да изгледаме совршено ако поради тоа страна нашето ментално здравје:
„Сакам да зборувам за ова бидејќи честопати гледаме фотографии од жени и им се восхитуваме бидејќи изгледаат добро, бидејќи се фит или ’здрави‘, но што е здраво ако сте толку фокусирани на изгледот на вашето тело, додека вашето ментално здравје страда и не можете да уживате во животот?“
Погледнете и Камила Кабејо во смел аутфит го покажа опуштеното стомаче – Сензационален настап на финалето од Лигата на шампионите (фото+видео)
Спирова С. | Црнобело