Џеј Ло издоминира со сексапил на „MTV Movie and TV Awards“ + испрати симпатичен поздрав до Бен Афлек
- Детали
- понеделник, 06 јуни 2022
„Сакам да им се заблагодарам на луѓето што беа искрени со мене, но и на оние што ме лажеа“ – порача синоќа Џенифер Лопез во својот емотивен говор на доделувањето на MTV Movie and TV Awards наградите, а при спомнувањето на нејзините деца почна да плаче на сцената. Како славната пејачка успеа да ги засени своите помлади колешки на црвениот тепих?
Џенифер Лопез и во шестата деценија од животот успеа да ги засени нејзините помлади колешки на црвениот тепих на доделувањето на MTV Movie and TV Awards наградите, што се одржа синоќа (05.06) во Санта Барбара.
Забележително, Џеј Ло овојпат на црвениот тепих се појави сама без Бен Афлек, кој, како што рече, останал да ја чека дома со децата.
Меѓу другите попознати личности што се појавија на црвениот тепих беа повеќе ријалити ѕвезди и познати личности како: Парис Хилтон, Оливија Родриго, Ванеса Хаџинс, но 52-годишната актерка и пејачка успеа во целост да го украде вниманието.
Таа се појави во тоалета од Monot со кожен топ со длабоко деколте и долго црно здолниште што одлично ја покажа нејзината извајана фигура, но и задникот.
Џенифер Лопез го доби највисокото признание, односно т.н. „Generation награда“ што им се доделува на омилените актери што подеднакво се појавувале во филмските и во ТВ проектите и станале најпрепознатливи имиња.
Откако ги доби „златните пуканки“ Џенифер Лопез имаше емотивен говор на сцената, а покрај тоа што им се заблагодари на луѓето што ја поддржувале, им се заблагодари и на тие што ја лажеле и ѝ го скршиле срцето.
„Благодарна сум на вистинската љубов, но и на тоа што се залажував себеси, затоа што знам дека само на тој начин можев да пораснам“ – рече таа.
Во мигот кога им се заблагодари на своите деца Макс и Еме (14), пејачката и актерка се расплака на сцената, а потоа им се заблагодари и на луѓето што во лице ѝ рекле дека нема да успее, затоа што без нив немало да го направи тоа.
Емотивниот говор на сцената Џеј Ло го заврши со порака за нејзиниот свршеник Бен Афлек:
„Чекај ме за вечера, ќе бидам дома до седум“ – рече таа.
Погледнете го видеото од нејзиниот емотивен говор:
The always 𝓲𝓬𝓸𝓷𝓲𝓬 @JLo – your 2022 #MTVAwards Generation Award Honoree ⭐️ pic.twitter.com/K0py3rbWR9
— Movie & TV Awards (@MTVAwards) June 6, 2022
Погледнете повеќе фотографии во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело