Џеј Ло искрена за паничните напади: „Останав целосно парализирана, мислев дека го губам разумот“

„Во еден миг целосно бев парализирана, видот ми беше замаглен, а симптомите ме уплашија, не бев свесна дека имам паничен напад“ – открива пејачката Џеј Ло во своето писмо до обожавателите, каде говори како научила добро да се грижи за себеси.

djej-lo-iskrena-za-panichnite-napadi-ostanav-celosno-paralizirana-mislev-deka-go-gubam-razumot-01.jpg

Џенифер Лопез (52) е мајка на две деца, а и во шестата деценија од животот важи за една од најубавите жени во светот.

Таа неодамна откри во што се крие нејзината тајна за добриот изглед, откако претходно појасни дека не знаела секогаш да се грижи добро за себеси.

djej-lo-iskrena-za-panichnite-napadi-ostanav-celosno-paralizirana-mislev-deka-go-gubam-razumot-02.jpg

Во дел од нејзиното приватно писмо до обожавателите, On the JLo, таа говореше за тоа како паничните напади ја натерале да сфати дека мора повеќе да се грижи за себеси, да спие доволно и да направи баланс помеѓу приватниот живот и работата.

„Не го цениме доволно сонот. Го цениме само тоа што се трошиме и работиме напорно и, признавам, никој друг не е толку многу опседнат со тоа трчање како мене. Сепак, сфатив дека сонот е најголемата тајна за убавина што најчесто ја потценуваме.

Имаше период во мојот живот кога спиев само по 3 до 5 часа. Бев на снимање по цел ден, а за викендите имав приватни настапи и снимав видео-спотови. Бев во доцните 20-ти години од животот и мислев дека сум незапирлива“ – раскажува Џеј Ло.

djej-lo-iskrena-za-panichnite-napadi-ostanav-celosno-paralizirana-mislev-deka-go-gubam-razumot-03.jpg

Сепак еден ненадеен настан во нејзината приколка ја натерал целосно да си ја промени перспективата и начинот на живот.

Како што вели во еден миг, прво се чувствувала целосно нормално, а потоа останала парализирана.

„Целосно останав смрзната. Работата ми беше главен приоритет и целосно престанав да се грижам за себеси (не помислував да се наспијам или да седнам 10 минути да се опуштам).

Во еден миг целосно бев парализирана, видот ми беше замаглен, по што физичките симптоми уште повеќе ме уплашија и бев целосно ме обзеде страв“ – раскажува пејачката и додава дека денес знае дека тоа бил класичен паничен напад предизвикан од замор и стрес.

djej-lo-iskrena-za-panichnite-napadi-ostanav-celosno-paralizirana-mislev-deka-go-gubam-razumot-04.jpg

По ова, нејзиниот телохранител ја однел на лекар, каде пејачката, откако претходно повторно ѝ се вратила способноста за говор, прашала дали го губи разумот.

„Не, не си луда. Ти треба сон... Обиди се да спиеш од 7 до 9 часа навечер, не пиј кафе и вежбај ако планираш толку многу да работиш. Тогаш сфатив колку сериозни може да бидат последиците од тоа што ги игнорирав потребите на моето тело и дух за да бидам здрава – така почнав да водам поздрав живот“ – признава Џеј Ло.

djej-lo-iskrena-za-panichnite-napadi-ostanav-celosno-paralizirana-mislev-deka-go-gubam-razumot-07.jpg

Како што вели таа, откако ги прифатила овие совети од лекарот, сфатила дека сонот може да ѝ помогне и во борбата со стареењето, а како што вели, добриот сон е како добра временска машина во која можеш да отпатуваш каде сакаш и да се разбудиш 10 години помлад.

По писмото Џеј Ло објави фотки во бикини со кои и официјално ја започна летната сезона, а на фотографиите никој не може ниту да предвиди дека таа има 52 години.

Погледнете ги во продолжение:

djej-lo-iskrena-za-panichnite-napadi-ostanav-celosno-paralizirana-mislev-deka-go-gubam-razumot-05.jpg

 djej-lo-iskrena-za-panichnite-napadi-ostanav-celosno-paralizirana-mislev-deka-go-gubam-razumot-06.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg