Норт Вест (8) со штикли танцува и позира со мајка ѝ Ким во ресторан во Италија – Канје Вест повторно ги напаѓа (фото)

Додека Ким и ќерка ѝ Норт уживаат и танцуваат во ресторан во Италија, Канје повторно ја напаѓа ријалити ѕвездата, најмногу поради тоа што не можел постојано да ги гледа нивните деца.

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-01.jpg

Ким Кардашијан сподели неколку фотки од излегување во ресторан во Италија со најстарата ќерка Норт, додека Канје Вест повторно ја напаѓа преку неговите песни.

41-годишната Ким и 8-годишната Норт Вест се забавуваа во ресторан во Италија, а гордата мајка сподели неколку заеднички фотки со опис „Најдобриот состанок“.

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-12.jpg

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-06.jpg

На фотографиите е јасно дека малата Норт веќе ги учи триковите за позирање на мајка си Ким, а двете ги покажале и нивните танчарски способности во ресторанот.

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-10.jpg

За пригодата, Ким одбрала хеланки и кроп-топ со сива боја. Малата Норт носеше црни фармерки и маичка, во комбинација со сандали со ниски штикли.

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-11.jpg

Ким и Норт до неодамна беа во Италија за свадбата на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-13.jpg

На свадбата не присуствуваа другите деца на Ким – Сент, Чикаго и Псалм – кои ги доби со поранешниот сопруг Канје Вест.

А, додека Ким минува најголем дел од времето со нивните деца, Канје Вест повторно ја напаѓа бидејќи ја нема таа можност.

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-03.jpg

Преку неговиот најнов сингл, True Love, 44-годишниот рапер го искажува гневот поради тоа што не може да минува повеќе време со неговите деца по разводот со Ким.

Во песната тој вели дека кога ги зема од домот на Ким за да ги види, се чувствува како да ги позајмува, а не како да се негови.

Покрај тоа, Канје ја критикува и облеката на неговите деца, прашувајќи се зошто Ким не им дозволува да носи патики од неговата колекција.

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-02.jpg

За јавноста е познато дека најголемата причина за разделбата на Ким и Канје е проблематичното однесување на раперот.

А, само неколку денови пред Канје да ја објави новата песна, Ким им се извини на членовите на нејзиното семејство за тортурата што ја трпеле додека траеше нејзиниот брак.

Во епизода од новото ријалити шоу на Кардашијанс, Ким истакнува дека е свесна дека Канје се однесувал ужасно кон нејзиното семејство. Таа вели и дека проблемите во бракот се појавиле уште пред да се влоши состојбата на Канје со биполарното нарушување.

„Го криев тоа многу долго, но никогаш нема да дозволам повторно да ви се случи истото. Сè што можам да направам е да ги контролирам моите реакции. Не можам да контролирам како тој се однесува со мене или како се однесува со вас“, вели Ким.

На крај, таа вели дека е свесна за последиците од разводот што ги трпело нејзиното семејство и дека сака искрено да им се извини.

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-05.jpg

Канје јавно ја нападна Ким и кога дозна дека најстарата ќерка Норт има ТикТок профил.

Иако Ким обично не возвраќа на нападите на Канје, овојпат се огласи:

„Ја го правам најдоброто што можам за да ја заштитам нашата ќерка, а притоа да ѝ дозволам да ја искаже нејзината креативност во медиумот што го сака со надзор од возрасен.

Разводот е доволно тежок за нашите деца и опсесијата на Канје да ја контролира и манипулира нашата ситуација толку негативно и јавно, само ни предизвикува дополнителна болка.

Од почетокот не сакав ништо освен здрав однос бидејќи тоа е најдоброто за нашите деца и навистина ме растажува тоа што Канје го прави ова невозможно“.

nort-vest-8-so-shtikli-tancuva-i-pozira-so-majka-kim-vo-restoran-vo-italija-kanje-vest-povtorno-gi-napagja-foto-04.jpg

Ким Кардашијан поднесе барање за развод во февруари 2021 година, по речиси шест години брак. Моментално таа е во врска со 28-годишниот Пит Дејвидсон.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg