Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лук, коцки мраз и уште 3 тајни со кои Рики Мартин (50) ја одржува титулата „згоден заводник“

Рики Мартин (50) со текот на годините изгледа само подобро, а неодамна таткото на 4 деца го покажа извајаното тело на кое може да му позавидат многу помлади мажи. Кои се неговите тајни?

redovni-vezhbi-luk-i-kocki-mraz-koja-e-tajnata-na-riki-martin-za-na-50-godini-da-izgleda-kako-da-ima-30-01.jpg

Рики Мартин деновиве е на југот на Франција, каде во сабота (28.05) ќе настапи на галата организирана од фондацијата за истражувања за СИДА, amFar.

redovni-vezhbi-luk-i-kocki-mraz-koja-e-tajnata-na-riki-martin-za-na-50-godini-da-izgleda-kako-da-ima-30-02.jpg

Освен тоа, Рики исто така треба наскоро да влезе и во актерските води со улога во ТВ серијата Mrs. American Pie.

Папараци фотографите, успеаја да го уловат додека беше на балконот од неговата хотелска соба, а во минијатурните шорцеви целосно го покажа неговото извајано тело.

redovni-vezhbi-luk-i-kocki-mraz-koja-e-tajnata-na-riki-martin-za-na-50-godini-da-izgleda-kako-da-ima-30-16.jpg

Фотографиите на латино пејачот веднаш привлекоа внимание, а сите се прашуваат како е можно на 50 години да изгледа како да има 30, во што е неговата тајна?

redovni-vezhbi-luk-i-kocki-mraz-koja-e-tajnata-na-riki-martin-za-na-50-godini-da-izgleda-kako-da-ima-30-07.jpg

За Рики се знае дека редовно вежба и тренира, а за тоа сведочат и фотографиите што тој ги објавува на социјалните мрежи, но и папараци фотките на кои заедно со сопругот Џуан Јосеф заедно одат во теретана.

redovni-vezhbi-luk-i-kocki-mraz-koja-e-tajnata-na-riki-martin-za-na-50-godini-da-izgleda-kako-da-ima-30-13.jpg

Според Men’s Helth вежбите на Рики редовно вклучуваат чучнувања и други вежби што се првично сконцентрирани на нозете и на долниот дел од телото.

Во 2013-та година Рики објави дека ќе стане вегетаријанец и дека планира целосно да го исклучи месото.

Тој гостуваше во шоуто Dr. Oz каде откри дека одлуката да го промени начинот на исхрана била донесена најмногу заради здравствени причини.

Имено, кога имал 18 години дознал дека има висок холестерол. Почнал да зема лекови за холестерол, но откако лековите не му помогнале, тој одлучил да го промени начинот на исхрана.

Како Порториканец, Рики отсекогаш сакал храна и тоа особено пржена храна, месо и мрсна храна, а тоа воопшто не му помагало со здравствените проблеми со кои се соочувал.

По ова Рики почнал да ги исфрла црвеното месо и пилешкото, а на крај ја исфрлил и рибата од исхраната.

redovni-vezhbi-luk-i-kocki-mraz-koja-e-tajnata-na-riki-martin-za-na-50-godini-da-izgleda-kako-da-ima-30-12.jpg

Тој минатата година објави видео во кое покажа како изгледа неговата утринска рутина, при што појасни дека секое утро го започнува со пијалак за зајакнување на имунитетот, направен од лимон, мед, црвен кромид и лук.

Како татко на 4 деца, пејачот нема премногу време за себеси, но открива дека сака секое утро да го започне со медитација.

„Би сакал да можев да седам околу 3 часа во лотус позиција дневно, но доволни се и 15 до 20 минути за да го започнам денот“ – вели тој.

redovni-vezhbi-luk-i-kocki-mraz-koja-e-tajnata-na-riki-martin-za-na-50-godini-da-izgleda-kako-da-ima-30-11.jpg

Латино пејачот почнал да настапува на сцена уште на 12 години, а во тој период морал да научи како да се грижи за своето лице.

Алкална вода, перничиња за очи, навлажнувач со антиоксиданс и коцки мраз... Ова се клучните работи што му помагаат на Рики да има совршено лице.

Тој вели дека со коцките мраз го поминува лицето и му помагаат за подобрување на циркулацијата.

Прочитајте и Рики Мартин и сопругот објавија ретки фотки од нивната ќерка: „Ти си главна во нашето семејство“

Б. С. Б. | Црнобело  

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg