Смешно видео од Кендал Џенер како во влечки и во тесен фустан се мачи да стигне на свадбата на Кортни и Тревис
- Детали
- понеделник, 23 мај 2022
„Скаливе се луди“ – вели во видеото Кајли Џенер додека во влечки и тесен фустан се обидува да се искачи до врвот каде треба да се одржи свадбената церемонија на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.
Изминатиот викенд топ тема беше романтичната свадба на Кортни Кардашијан (43) и Тревис Баркер (43) во Портофино, Италија.
Парот застана пред олтар по третпат во само неколку месеци, а на свадбата присуствуваа славните сестри на Кортни.
Иако, локацијата за свадбата каде официјално стапија во брак, беше магична, сепак гостите се соочиле со некои непријатности.
На видеото што Кајли Џенер го објави на Инстаграм Стори се гледа како Кендал се мачи во влечки и во тесен фустан да се качи по скалите, а ѝ вели на сестра ѝ:
„Ср*ње, скаливе се луди!“
Видеото стана вистински хит на социјалните мрежи, а иако се знае дека Кендал беше заедно со нејзиното момче Девин Букер на свадбата, тој не беше тука за да ѝ помогне да ги искачи скалите.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Тетоважата од главата на Тревис извезена на велот на Кортни – фотки од гламурозната свадба на парот во Италија (фото)
Б. С. Б. | Црнобело