Бритни Спирс доживеа спонтан абортус: „Го изгубивме нашето бебе чудо“
- Детали
- сабота, 14 мај 2022
Бритни Спирс (40) пред еден месец најави дека е бремена со првото дете со свршеникот Сем Ашгари (28), но за жал пејачката доживеала спонтан абортус.
https://www.instagram.com/p/CaqQkLEONGg/
За ова ужасно искуство Бритни на Инстаграм вели:
„Со длабока тага ве известуваме дека го изгубивме наше бебе „чудо“ во рана фаза од бременоста. Ова е ужасно искуство за секој родител и можеби требаше да почекаме пред да објавиме јавно, но бевме многу возбудени за да ги споделиме добрите вести.
Љубовта еден за друг ни е сила, ќе продолжиме да се обидуваме да го прошириме нашето убаво семејство.
Благодарни сме ви за целата поддршка. Ве молиме за приватност во овие тешки мигови.“
С. С. | Црнобело