Ким отворено за проблемите со Канје: „Имам панични напади бидејќи ме исмејува, уште не сака да потпише документи за развод“
- Детали
- четврток, 12 мај 2022
Во новото реално шоу на семејството Кардашијан-Џенер, Ким откри дека не само што Канје не сака да ги потпише документите за развод, туку ги исмева нејзините модни комбинации и ѝ рекол дека нејзината кариера е завршена.
Ким Кардашијан откри нови детали за ситуацијата со Канје Вест изјавувајќи дека тој одбивал да ги потпише документите за развод.
Истовремено, бидејќи Канје се грижеше за стилот на Ким, таа сподели дека ѝ било особено тешко сега таа да ја преземе одговорноста, особено откако раперот ги исмевал нејзините комбинации, па дури и ѝ рекол дека нејзината кариера е завршена.
Канје бил особено гневен и за појавувањето на Ким во Saturday Night Life, најмногу бидејќи ријалити ѕвездата го спомнала зборот „развод“.
Во скечот, Ким вели:
„Кога се разведов од Канје, треба да знаете дека причината беше едно: неговиот карактер“.
Според Ким, токму овие зборови го разгневиле раперот и тој бил убеден дека Ким била присилена да го каже тоа. Истовремено, тој бил навреден бидејќи Ким го нарекла рапер додека тој сметал дека е многу повеќе од тоа.
„Му го покажав монологот, но тој воопшто не го прочита. Потоа му беше тешко од она што го кажав“.
Ким истакнува и дека Канје уште ги нема потпишано документите за развод, а вели дека не знае зошто.
„Ми вели дека ќе ги потпише и потоа вели: ’Не сакам развод, па нема да ги потпишам‘“.
Ријалити ѕвездата раскажува дека бидејќи го почитува Канје, не споделува голем дел од лошите работи што ги трпела од него, но смета дека не е во ред што тој може да пишува песни за неа, а таа е осудувана кога зборува за него во ријалити шоуто.
„Ако кажам нешто во шоуто, вели ’Како се осмелува да зборува за тоа‘. Но, ако тој напише песна, тогаш тоа е ’креативно и експресивно'. За него има почит, а за мене не“.
Поради бројните проблеми, Ким вели дека дефинитивно е сигурна дека ја донела вистинската одлука.
„Сега сум многу сигурна. Знам дека морав да се разведам кога го поднесов барањето бидејќи знаев дека тогашната ситуација не беше добра за мене. И, сега се чувствувам многу добро“.
Добропознат факт е дека додека беа заедно, Канје беше одговорен за стајлингот на Ким на сите појавувања во јавност.
Поради ова, на Ким ѝ било особено тешко да се грижи за својот стил по разделбата, најмногу бидејќи добивала навреди од Канје.
Таа вели дека постојано се грижела дали ќе изгледа добро, а поради критиките на Канје, имала и панични напади кога станува збор за облека.
„Канје ме побара по доделувањето на Wall Street Journal Awards и ми рече дека мојата кариера е завршена. Ми покажа слика од Марџ Симпсон која носеше нешто слично како мојата комбинација на доделувањето и ме спореди со неа“.
Ким признава и дека иако многу ја сака модата, воопшто не е креативна кога станува збор за одбирање облека.
„Мислам дека отсекогаш сум била заинтересирана за мода, но никогаш не сум била креативна. Да беше Канје овде, ќе ми речеше ’Направи си ја косата вака, стави ваква шминка‘.
Неговиот љубовен јазик беше облеката. Па, секогаш му верував за тоа… Но, не е важна само облеката, а тоа беше последното нешто што ни остана заедничко.
Сега почнувам да сфаќам која сум јас. Отсекогаш бев или Кардашијан со моите сестри, или сопругата на Канје. Сега сакам да сфатам која е Ким, како да продолжам без Канје.
Поминаа месеци откако поднесов барање за развод и сега конечно можам да си речам дека можам да продолжам понатаму“.
Ким и Канје се венчаа во 2014 година, а ријалити ѕвездата поднесе барање за развод во февруари 2021-ва.
Бидејќи раперот одбива да ги потпише документите, Ким поднесе и барање да биде прогласена за „легално сингл“ и го тргна презимето на Канје од нејзиното.
Спирова С. | Црнобело