Хилари Даф по 3 бремености се сликаше сосема гола: „Горда сум на сопственото тело, а овие фотографии се ‘наместени’“
- Детали
- четврток, 12 мај 2022
Беше меѓу првите која јавно го покажа целулитот по бременоста, сега се фотографираше гола, но порача дека фотките се „наместени“. Како Хилари Даф по три бремености денес ги руши стереотипите за изгледот на женското тело?
Американската актерка Хилари Даф (34) даде големо интервју за магазинот Women’s Health каде говореше за тоа како научила да го прифати сопственото тело, такво какво што е, за мајчинството, но и за секојдневниот живот како мајка и сопруга.
Хилари денес живее со своите три деца: синот Лука (10) и ќерките Бенкс (3) и Мае (1), сопругот Метју Кома, три кучиња и седум кокошки.
Таа стана популарна уште во 2001-вата година кога на 14-годишна возраст играше во серијата на Disney, Lizzie McGuire, а тоа, како што признава самата во интервјуто, се одразило и на тоа како се гледа себеси и сопственото тело. Така на 17 години морала да се бори со пореметувања на исхраната.
„Тоа беше страшно“ – вели таа и открива зошто сега по толку години одлучила да се фотографира целосно гола.
„Се гордеам со сопственото тело. Се гордеам што родив три деца. Се помирив со промените што ги претрпе моето тело. Исто така, сакам луѓето да знаат дека имаше шминкер што ми го намачка со сјај целото тело, а друг асистент ме намести во позициите во кои изгледам најдобро“ – вели таа.
Хилари открива дека по раѓањето на ќеркичката Бенкс целосно почнала да ѝ се менува перцепцијата за сопственото тело.
Таа признава дека неколку месеци пред да ја направи разголената фотосесија вежбала четирипати неделно по 4 часа со нејзиниот тренер, а во слободните денови пешачела или играла тенис.
Инаку во 2017-та година Хилари Даф беше меѓу првите актерки што јавно објави сопствена фотографија на Инстаграм на која целосно се гледа целулитот на нозете.
„Го објавувам ова за сите млади девојки, жени и мајки од сите возрасти. Уживам на одмор со мојот син откако долго време снимав и по неколку недели бевме разделени во тој период.
Затоа што медиумите сакаат да ги споделуваат несовршеностите на познатите – сакам да покажам дека сите ги имаме.
Моето тело ми го подари најголемиот подарок во животот: Лука, пред 5 години. Во септември ќе наполнам 30 години и моето тело е здраво и ме води каде што треба да одам.
Дами, да бидеме горди со тоа што го имаме и да престанеме да губиме време за да посакуваме да бидеме поинакви, подобри и без мани“ – рече тогаш таа.
Погледнете повеќе од нејзините нови голи фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело