Кипарската евровизиска претставничка - провокативна убавица на тиркизниот тепих, со шлиц над препоните (фото)
- Детали
- вторник, 10 мај 2022
Грчката убавица што ќе го претставува Кипар беше една од највпечатливите на тиркизниот тепих. Секси или претерано?
Евровизиската претставничка на Кипар го привлече вниманието на тиркизниот тепих со розовиот, сексапилен, светкав фустан со шлиц кој завршува над препоните.
Андромаха беше една од најпровокативните на церемонијата за отворање на Евровизија 2022 во Торино.
Грчката пејачка која го претставува Кипар ќе се појави на евровизиската сцена со песната „Ela“.
Андромаха e родена во Германија, но на 5-годишна возраст се преселила во Грција. Ќе настапи на втората полуфинална ноќ и вели дека се чувствува добро и многу комфорно на сцената.
Песната е автентична поради тоа што е комбинација од модерен поп звук и влијание од кипарската традиција. Лесно ќе ја засакате на првото слушање.