Констракта како Меган Маркл, Италијанецот во розови панталони – Необичени изданија на тиркизниот тепих на Евровизија 2022 (фото)
- Детали
- понеделник, 09 мај 2022
Српската претставничка на Евровизија се појави во стајлинг во кој потсетуваше на Меган Маркл, италијанскиот претставник носеше розови панталони како здолниште, а албанската претставничка носеше стајлинг што потсетува на килим. Погледнете дел од необичните изданија на тиркизниот тепих на Евровизија 2022.
Во недела (08.05) и официјално започна свечената церемонија за отворање на Евровизија 2022. Претставниците прошетаа на тиркизниот тепих во историскиот дел на Торино познат како Reggia di Venaria.
Голем број од претставниците се појавија во необични и впечатливи стајлинзи.
Српската претставничка на Евровизија Ана Ѓуриќ - Констракта на „тиркизниот тепих“ во Торинo прошета во бела комбинација и голем украс на главата, што многумина ја споредија со Меган Маркл заради сличниот стајлинг.
Констракта на себеси носеше бел костум и бела шапка на главата, а нејзиниот тим беше облечен во црно.
Италијанскиот претставник Махмуд на себеси носеше розови широки пантолони кои наликуваат на здолниште, од дизајнерот Willy Chavaria и црно сако.
esc 2022 winners here??? hello??? they’re SLAYING??? #Eurovision #turquoisecarpet https://t.co/iZLmSapaKt
-->— lis! (@softraggi) May 8, 2022
Во продолжение погледнете ги највпечатливите изданија од тиркизниот тепих:
Б. С. Б. | Црнобело